Умберто Паскали - Наркотероризам
Опасната оска меѓу ОВК и талибанците
Постои цврста оска меѓу ОВК и талибанците, кои заедно го контролираат европскиот наркопазар (хероин). Се шири црната дамка од Авганистан преку Црно Море до Балканот

Голема црна дамка, како мастило на впивателна хартија, се шири преку картата на Европа. Во овој момент се проголтани Косово, Албанија и голем дел од Балканот, а нејзините краци се протегаат преку Црно Море, преку Кавказ, и се допираат со друга таква дамка фокусирана околу Авганистан. "Дамката" не ги почитува националните граници ниту идеолошките, етничките или религиозните разлики. Таа продолжува да се шири, носејќи мизерија и уништување - нејзината "храна". "Дамката" е она што до неодамна беше нарекувано "црна економија" или "нелегална економија" или организиран криминал. Всушност, станува збор за многу попродорен и пототалитарен феномен. Тој го претставува создавањето нова первертна форма на општеството - современа форма на феудална анархија.

Ние веќе не се соочуваме со општества во кои се пробила или се одомаќинила паразитската "црна економија"; се соочуваме со општества во кои "црната економија" доминира во секој аспект. Се соочуваме со ентитети што, благодарение на овој перверзен систем, се од финансиски и од сите други аспекти многу помоќни од националните држави во регионот. Ваквите ентитети не се "пасивни". Напротив. Тие се екстремно агресивни и експанзивни по природа.



Национални интереси

од шверцот со дрога



Во глобала, официјалното оправдување за поддршката на ваквите групи е дека една таква група, дури и ако им е посветена на криминалните активности, "мора" да биде поддржана, во име на некоја повисока цел, честопати во име на "националниот интерес".

Ова беше оправдувањето за поддршката што британските и американските агенции им ја даваа на авганистанските муџахедини по советската инвазија на Авганистан во 1979 година, како и за поддршката што ја добија никарагванските "контраши". И двете групи се финансираа себеси и многу поголема структура преку големата трговија со кокаин, во случајот со "контрашите", и преку трговијата со опиум и хероин во случајот на авганистанските "борци за слобода". Сите овие активности беа толерирани, па дури и помагани, од страна на западните агенции.

Во Авганистан, производството на опиум под постојниот талибански режим продолжи да се шири, и, како што ќе видиме, главна оска што контролира повеќе од 80 отсто од хероинскиот пазар во Европа (плус растечкиот дел од хероинскиот пазар во другите региони, вклучувајќи ги и САД) во моментот е авганистанско-косовската оска. Или подобро речено, талибанско-ОВК оска.



Оската Талибан-ОВК



На 18 март, додека неговата држава беше во екот на одбраната од суровиот и доброорганизиран напад од страна на ОВК за да се предизвика крвав етнички судир меѓу Македонците и етничките Албанци, македонскиот премиер Љубчо Георгиевски и се обрати на нацијата со драматична изјава. "Очигледно е дека меѓународната заедница не може да избега од фактот дека овојпат се соочуваме со создавање нов Талибан во Европа од страна на западните демократии".

Во момент на постојана опасност за неговата држава, премиерот ја начна "раната". Тој јасно укажа кој стои зад добро вооружените, одлично обучени и солидно финансирани банди што ја нападнаа неговата држава и кои како своја база ја користат покраината Косово, која е под целосна контрола на трупите на КФОР.

- Старата приказна се повторува. Пред 10 години ние ги вооружувавме и ги обучувавме најлошите елементи од муџахединството во Авганистан - шверцери со дрога, шверцери со оружје, антиамерикански терористи. Подоцна ја плативме цената за тоа, кога Светскиот трговски центар беше бомбардиран, и научивме дека дел од одговорните за нападот се токму луѓето што ние ги обучувавме. Сега ја правиме истата работа со ОВК, која на секој начин е поврзана со наркокартелите од Средниот и од Далечниот Исток. Интерпол, Европол и речиси сите европски разузнавачки служби и служби за борба против дрогата имаат досиеја за наркосиндикатите што водат директно до ОВК и до албанските банди во оваа држава. Моите контакти во ДЕА (Агенција за борба со наркотици) се, да бидам искрен, престрашени, но не можат да кажат многу без да ја ризикуваат својата работа. Албанската мафија е страшна операција. Всушност, мафијата се потпира на албанските најмени убијци при реализацијата на многу нејзини договори. И сега, според моите извори во ДЕА, тие се политички заштитени - изјави Мајкл Левин, поранешен американски агент во Одделот за борба против дрогата и еден од најодликуваните агенти на американската ДЕА, во мај 1999 година.

Еден од добрите методи за следење на канцерогениот развој на "црната дамка" е следењето на трговијата со нелегалните дроги, особено со хероинот. Речиси целиот хероин што циркулира низ Европа поминува преку Балканот. Тој претежно се произведува од опиумот одгледуван во Авганистан, во кој доминираат талибанците, и се рафинира во Турција, а за неговата дистрибуција главно е задолжена ОВК, која оперира во Србија како ОВПМБ и во Македонија како ОНА.

Во 1996 година, во извештајот подготвен за atioal arcotic Itellegece Cosumers Comitee, ДЕА нагласи:

- Организациите за шверц со дрога составени од етнички Албанци од српската провинција Косово, се сметаат како втори, по турските групи, најголеми шверцери со хероин на Балканот. Овие групи особено се активни во Бугарија, во поранешната југословенска Република Македонија и во Србија. Косовските шверцери се познати по користењето насилство и по вмешаноста во меѓународната нелегална трговија со оружје. Се поголем број докази покажуваат дека етничките криминалци од Балканот се вклучени во криминални активности и во САД, а во тие активности е вклучена и кражбата на легални фармацевтски производи за нелегална улична дистрибуција.

Врз основа на внатрешното истражување кај авганистанските одгледувачи на опиумски афион, УНДЦП смета дека од 56.824 хектари под опиумски афион се добиваат околу 2.336 тони опиум. Во еуфемистичкиот пасус во извештајот на ДЕА со разочарување се забележува дека и покрај претходните јавни искажувања аверзија кон одгледувањето и производството на дрогата, талибанците очигледно ги надминале недоразбирањата со одгледувачите на опиумски афион. Се разбира, станува збор за многу повеќе од "надминување на недоразбирањата". Оттогаш, инвазијата на талибанскиот опиум во Европа се засили, а со тоа екстремно се засилија и моќта и криминалната машинерија на косовската мафија и ОВК.

Неколку извештаи од агенциите за разузнавање велат дека Бин Ладен и неговата организација ал-Каеда ја обучуваат и ја финансираат ОВК.

Бин Ладен беше поврзан со еден од најпознатите тренинг-кампови на ОВК, пред таа терористичка организација да го преземе Косово со помош на 78-дневното бомбардирање и војна од страна на НАТО во 1999 година. Тренинг-камп е албанскиот град Тропоја.



ОВК: Од ХоЏа до ОлбраЈт



Иако ОВК се појави во меѓународните медиуми дури на крајот на деведесеттите години, се претпоставува дека организацијата постои уште од 1982 година, кога албанскиот диктатор Енвер Хоџа, кој ја контролираше Албанија со "железен" и култен радикализам од Втората светска војна до раните осумдесетти години, со сите сили го туркаше, во буквална смисла на зборот, проектот за Голема Албанија. Првиот современ спонзор на Голема Албанија беше Хоџа, кој повика на соединување на сите Албанци - вклучувајќи ги Албанија, Косово, јужниот дел од Србија, северозападниот дел на Македонија, северниот дел од Грција - особено по смртта на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито во 1980 година. Косовското радикално тврдо крило создаде интернационални центри во Швајцарија, Германија и во голем број други европски држави, како дополнување на Хоџината Албанија. Оригиналното крило на ОВК се пробиваше преку голем број познати марксистичко-ленинистички политички имиња, мешајќи ја идејата за Голема Албанија со радикалните идеи на Хоџа.

Тие беа одржувани во состојба на политички пасивна анимација, со мали знаци на активност, се до босанскиот Дејтонски мировен договор во 1995 година. Тогаш тие беа активирани за да ја искористат предноста на бранот незадоволство што се рашири меѓу Косовци, кои беа "испуштени" од Дејтонскиот договор (провинцијата ја изгуби својата автономија во 1989 година со српската одлука под притисок на тогаш новиот лидер Слободан Милошевиќ).

Се разбира, меѓу етничките Албанци на Косово постоеше голема политичка активност, но таа немаше никаква врска со ОВК. Косовци формираа еден вид самопрогласена автономија под водство на Ибрахим Ругова и неговата Демократска лига на Косово. Ругова промовираше ненасилство и беше познат како "Ганди од Балканот". Но и покрај терористичкиот режим на ОВК, Ругова има поддршка од етничките Албанци на Косово. Сепак, ОВК му го презеде лидерството на Ругова од две причини: првата, поради безусловната поддршка од САД и од британските лидери, особено од тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт (пулен на Џорџ Сорос и Збигњев Бжежински) и од британскиот премиер Тони Блер; и второ, поради поддршката од косовската мафија.

При преговорите од 1999 година во Рамбује, Франција, со кои наводно требаше по мирен пат да се заврши конфликтот меѓу Србија и Косово, Олбрајт го претстави младиот политички лидер на ОВК, Хашим Тачи, за кој се вели дека е член на влијателно семејство од центарот на организираниот криминал на Косово, како најважен претставник на етничките Албанци, а Ругова беше брутално тргнат настрана.



Европска КолумбиЈа



Воздухопловната кампања на НАТО драстично ја зголеми моќта на косовската мафија, од аспект на нејзините криминални активности и нејзината контрола врз популацијата, елиминирајќи ја секоја пречка, дури и полицијата за борба против наркотиците. Бомбашката кампања исто така ги зголеми предиспозициите на ОВК за проширување на нејзината контролирана област, почнувајќи со Србија и со Македонија. Но ОВК, под закрила на НАТО, стана апсолутен господар на Косово, а косовската мафија стана една од водечките криминални организации во светот. Една година подоцна, во почетокот на 2001 година, ОВК беше подготвена да го почне својот доброорганизиран експанзионистички напад на две суверени држави, Македонија и Југославија, користејќи го како база протекторатот на НАТО, Косово. Според набљудувачите на ситуацијата и врз основа на откривањето тајни складишта со оружје на Косово, Србија и во Македонија, ОВК е подобро вооружена од кога било. Доказите исто така покажуваат дека структурата на ОВК-КЗК соодветствува со таа на косовската мафија. Тачи продолжува да биде политички лидер на Косово и покрај фактот дека неговиот политички противник, Ибрахим Ругова, се уште може да смета на мнозинство од косовско-албанските гласови.

- Косово има тенденција да стане канцероген центар во Европа, како што наскоро ќе дознае Западна Европа - изјави Марко Никовиќ, заменик-претседател на Iteratioal arcotic Eforcemet Officers Associatio, со седиште во Њујорк, во изјавата за лондонски "Гардијан" на 13 март 2000 година, една година откако бомбашката кампања на НАТО и официјално ја постави ОВК на власт во Косово.



ПомоЌни од државата



На 1 февруари 1995 година британската "Jaes`s Itellegece Review", која се смета за блиска до разузнавачките извори, напиша анализа под наслов "Балканската Меделин", во која го опишува сценариото според кое Македонија ќе стане цел на албанскиот наркотероризам, особено во регионот во кој доминира албанското население во западна Македонија - област во која доминира шверцот со дрога, што ја прави многу "побогата" од другиот дел од Македонија.

Всушност, оваа анализа посочуваше на добро познатиот факт дека пограничната област меѓу Косово, Албанија, Србија и Македонија уште од седумдесеттите години е важен центар за нелегални активности. Се разбира, се до колапсот на Југославија во раните деведесетти години, немаше граници меѓу Косово, Македонија и Србија. Албанија беше драстично изолирана земја, но сепак постоеја многу врски и размени меѓу Албанија и албанската заедница на Косово. Оваа ситуација беше максимално искористена од страна на албанската мафија, па Косово стана област на избор поради леснотијата со која на нејзината територија се спроведуваше шверцот. Токму во ова подрачје на вкрстување на границите - вклучувајќи ги јужна Србија, западна Македонија и северна Албанија, со Косово во центарот - каде што со нелегалното шверцување беше воспоставена доброорганизирана логистичка машинерија, се појави ОВК. Оваа област е исто така регионот на кој би требало да се воспостави Голема Албанија. Делот од западна Македонија во кој доминира албанското население се смета за непропорционален дел од намалувањето на бруто-националниот производ на Македонија, се вели во анализата на "Jaes" од 1995 година. Оваа ситуација ги засили албанофопските чувства меѓу етничкото македонско мнозинство, особено затоа што голем дел од приходите потекнува од албанскиот наркотероризам и од пограничното шверцување оружје кон и од Албанија, Бугарија и српската покраина Косово. Таа растечка албанска економска моќ помага при претворањето на Балканот во криминалистичко дувло тесно поврзано со моќната сицилиска мафија. Ако остане непроверен, растечкиот албански наркотероризам може да доведе до "колумбиски синдром" на јужниот Балкан, т.е. албанската мафија да стане доволно моќна за да контролира една или повеќе држави во регионот. Во реалноста ова ќе значи вклучување на Албанија, на Македонија или и на двете држави. Политички, ова се прави преку канализирање на растечкиот девизен профит од наркотероризмот во локалните влади и во политичките партии.



Цел: МакедониЈа



Никола Димитров, советник за национална безбедност на македонскиот претседател Борис Трајковски, изјави за изданието на "ewsweek" од 21 март 2001 година дека Косово стана комбинација од Авганистан и Колумбија на Балканот. Таму нема ни правила ни закон, нема етничка толеранција, нема човекови права. Новинарот што го интервјуираше, кој не е симпатизер на Македонците, заклучува:

- Пред една година оваа силна денунцијација лесно ќе беше отфрлена како словенска реторика. Сега почнува да станува вистинито.

Првата инвазија на ОВК на Македонија од Косово во почетокот на 2001 година, предизвика политички шок во естаблишментот на државата, особено кога силниот протест упатен кон НАТО беше пресретнат со заобиколните одговори од генералниот секретар лордот Џорџ Робертсон и од другите воени лидери одговорни за Косово. Соочени со драматичните итни апели од Македонците, претставниците на НАТО одговорија дека, прво, тие се обидуваат да ја затворат границата, но дека не гледаат никакви знаци на инвазија; второ, дека Македонија треба да реагира мирно и да се обиде да преговара со агресорите; и трето, инвазијата изгледа како внатрешно востание против владата и нема поврзаност со надворешните фактори.

Односот на лордот Робертсон и на неговите истомисленици беше уште понавредлив затоа што во многу кругови се знаеше дека Танушевци, македонско село до границата со Косово што ОВК со недели го држеше окупирано, беше едно од тајните депоа за оружје што ОВК го имаше создадено за време на бомбардирањето на НАТО на Југославија. Наводно, од македонските власти било побарано да не преземаат ништо затоа што оваа операција ја засегнувала војната против Србите и тоа оружје немало никогаш да биде искористено против Македонија.

За да илустрираме како се поврзани некои милитантни и криминални страни во операцијата, доволно е да се посочи дека истото тоа планинско село Танушевци со години беше еден од шверцерските центри кон и од Косово. Со други зборови, тоа беше една од базите за оперирање на косовската мафија. Според набљудувачите, територијалните и логистичките структури на косовската мафија се речиси соодветни со логистичката структура на ОВК на теренот.

Македонските власти точно знаеја кој е одговорниот човек за операцијата во Танушевци: Џавид Хасани, етнички Албанец роден во Танушевци, кој е член на ОВК и во Македонија се бара поради оружен напад врз полицаец. Тој исто така беше уапсен на Косово од страна на КФОР под сомневање за убиство на српски цивили.

На 18 март, премиерот Љубчо Георгиевски ја тргна магијата што ја парализираше државата по инвазијата на Танушевци и драматично изјави дека Запад ги поддржува "европските талибанци". Во телевизиското обраќање до нацијата, премиерот исто така рече:

- За нас не е тајна дека оваа агресија е подготвувана, организирана и спроведена со логистичка поддршка од партиите и од структурите во македонскиот северен сосед. Тука мислам на политичките структури на Косово. Не можеме да се согласиме со некои тврдења според кои случувањата во Македонија не се резултат на проширување на косовската криза, дека не се агресија од Косово против Македонија. Причината за овие тврдења е многу едноставна: ако меѓународната заедница признае дека постои агресија од Косово, тогаш нивната политика на Косово во последните 2 години била погрешна.

На 23 март, на самитот на лидерите на ЕУ во Стокхолм, рускиот претседател Владимир Путин му ја искажа својата поддршка на својот македонски колега, Борис Трајковски.

- На нападот на ОВК мора да се одговори соодветно - рече Путин, споредувајќи ја македонската ситуација со Чеченија.

Кога во 1996 година Русија ги повлече своите трупи од Чеченија, бунтовниците го нападнаа Дагестан.

- Да не преземевме соодветни мерки како одговор, сега ќе се соочевме со проблеми од поширок размер. Ако остане неконтролиран, тероризмот на ОВК ќе создаде услови за "протресување" на Европа во нејзиното срце - рече Путин.

Многу понеодамна, на 24 мај, Македонија почна да реагира на вториот "шок" од ОВК, инвазијата на една група во села северно од скопје во регионот на Куманово (Арачиново н.з.). Терористите искористија неколку илјади цивили како "човечки штит". А што е Куманово? Еден од главните центри на косовската мафија; област во која мафијата традиционално ужива високо ниво на социјална контрола. Според изјавите, во таа област била сместена една од најсовремените лаборатории за производство на хероин.



(АНАЛИЗА НА АВТОРОТ ОБЈАВЕНА

НА 22 ЈУНИ 2001 ГОДИНА,

ЕГЗЕКЈУТИВ ИНТЕЛИЏЕНС РИВЈУ)