Пронајдено поголемо количество оружје во гостиварско


 
11.10.2001
Кај селото Тануше беше поставен пункт за собирање на оружје и муниција на акцијата на НАТО „Жетва“
 
 

Министерството за внатрешни работи и армијата на Македонија во атарот на село Тануше, гостиварско вчера пронајдоа поголемо количество оружје и муниција складирано од страна на припадниците на таканаречената ОНА, соопшти денеска агенцијата за информации.

Пронајден е еден минофрлач, постоље за него со две оптички справи, 52 гранати за минофрлач, рачен ракетен фрлач и осум кумулативни гранати за рачен фрлач, 13 противтенковски и противпешадиски мини тежок митралез, над 600 парчиња муниција, експлозив, тромблонска мина и запалки за мини. во соопштението се додава дека кај селото Тануше беше поставен пункт за собирање на оружје и муниција на акцијата на НАТО „Жетва“.

(Source A1-TV)