|
ПОМНИ До
Македонската
и светската
јавност Фебруари
01,2010 Како
што
разбравме
од
медиумите и
според
нашите
сознанија
од лице
место во
Тетово, во
нашиот град
има
сериозно
нарушување
на
безбедноста
и
граѓанските
права на
Македонците. Македонците
не само што
се
дискриминирани,
туку врз нив
се врши
етничко
чистење што
на места се
граничи со
геноцид.
Процесот во
многу места
е
неповратен,
а
надворешните
т.н.
меѓународни
фактори ја
промовираат
албанската
заедница за
сметка на
Македонците
кои
стануваат
апсолутно
малцинство
во својот
град. Дури
и
изградбата
на повеќе
универзитети
во градот,
ексклузивно
за
албанската
заедница
енормно го
зголеми
бројот на
дојденци од
Косово и
Албанија,
меѓу кои
многу се и
студенти на
тетовските
униврзитети.
Тетово
стана
најголемиот
универзитетски
град на
Балканот
каде Абанци
од сите
соседни
земји може
да
студираат
на албански
јазик. Со
самото тоа
етничката
рамнотежа е
сериозно
нарушена за
сметка на
Македонското
домородно
население,
оставајќи
го истото
незаштитено
од
насилства и
правејќи го
истото
буквално да
биде жртвено
јагне на
политички
пазарења и
валкани
игри помеѓу
т.н.
политички
фактори во
земјата. Не
се
поштедени
ниту
локалните
припадници
на
албанската
заедница
кои во
Тетово
живееле од
пред 1960 тите и
1970 тите, а за
нивна
сметка
дојденците
од Косово и
Албанија го
узурпирале
животниот
простор
вклучувајќи
ги сите
сфери на
животот. Ние
двајцата,
како
поранешен
професор по
Англиски и како
поранешен
ученик на
генерација
во
Гимназијата
„Кирил
Пејчиновиќ“-Тетово
не
можеме да
не
реагираме
на
моменталната
состојба во
Тетово, а
особено во
Гимназијата. Во
времето
1974-1978 како
професор по
англиски
јазик, или
пак како
ученик од 1971-1975
се сеќаваме
на помалку
или повеќе
хармоничната
атмосфера
во
Гимназијата
во која наставата
ја
посетуваа
на
македонски,
албански и
турски
јазик
ученици од
сите
возрасти.
Бројот
на
учениците
Македонци
од градот
Тетово беше
значително
помногуброен
во однос на
етничките
малцинства
( 1960-тите
години) што
со тектот на
време со
доселување
од Косово
стана
речиси
избалансиран
помеѓу
етничките
заедници.
Денес
гледаме
поразителни
податоци
што
повикуваат
за тревога. Гимназијата
„Кирил
Пејчиновиќ“
беше
расадник и
гнездо на
интелекти.
Во
гимназијата
се одгледуваа
умови со
највисок
дострел во
Македонија
но и
пошироко и
тоа без
разлика на
етничкото
потекло на
учениците.
Цели
генерации
врвни
професионалци
во разни
општетвени
сфери се
речиси
распрскани
насекаде по
светот. Сите
тие со
себе ги
носат
најветлите
спомени од
младоста и
од
Гимназијата,
а со пиетет
го
спомнуваат
името на
патронот на
својата
гимназија. Најновите
вознемирувачки
настани
особено се
навредливи
кога се знае
дека се
случуваат
во
гимназија
која што
била
водечка
институција
на
интелектуалци,
која што го
носи името
на
најголемиот
просветител
и
преродбеник
и еден од
најголемите
хуманисти и
интелектуалци
од своето
време Кирил
Пејќиновиќ,
чиј што гроб
во
Лешочкиот
манастир
„Св.Атанасија“
беше
оскрнавен
во 2001 година
кога
терористите
покрај
гробот со
експлозивни
средства го
разрушија и
самиот
манастир. Со
право се
прашуваме:
Како дојде
до ова и кои
се тие
извртени
вредности
што им се
наметнуваат
на
денешните
млади луѓе
во
Македонија?
Кои се тие
политичари
кои што
дозволуваат
на една шака
Албанци да
го валкаат
не само
името на
Кирил
Пејчиновиќ,
туку и
етничкиот
соживотот
што бил
внимателно
граден со
генерации
во градот
Тетово како
град на
етнички
вредности и
взаемна
почит и
толеранција
која сеуште
веруваме
постои
помеѓу
старите
Тетовчани,
без разлика
на нивната
етничка
припадност? Зарем
не беше
доволен
доказ за тоа
изборот на
новиот
градоначалник
на Тетово Др.Беџети,
кој што е
Тетовчанец
со албанско
етничко
потекло и
кој што беше
избран на
изборите
благодарение
на
гласовите
од
Македонците
од Тетово? Нас
не
загрижуваат
и
медиумските
циркуси во
кои што т.н.
опозиција
се
промовира
себеси
преку
оворени
напади против
власта,
а притоа не
спомнувајќи
ниту
збор за
состојбата
на
Македонците
во деловите
на
Републиката
во кои денес тие
останаа да
претставуваат
малцинство.
Како дојде
до тоа?
Да
потсетиме
дека истите
луѓе од таа „опозиција“
беа
коавтори на
етничкото
чистење на
Македонците,
на
територијалните
делби и
пазарања, но
и на
економското
пропаѓање
на еден
многу
значаен дел
од државата,
што е
подеднакво
важен за
опстанокот
и идината на Македонија
како за
Македонците
така и за
сите други
кои живеат
во неа. Ние
јавно ја
повикуваме на
одговорно
поведение
како власта,
така и
опозицијата,
која
наводно се
обединува
за да биде на
власт. Сите
тие им се
добро
познати на
граѓаните
на
Македонија,
но по
којзнае кој
пат
повторно и
бесремно им
се
наметнуваат
како
спасители
од пеколот
што самите
им го
скроиле на
граѓаните.
За нас е
најважно
тоа што на
народот му е
најважно, а
тоа е
сигурноста
и личната
безбедност,
неповредливоста
на
уставните
права и
домот, а
најмногу од
се
гаранција
на правото
на лична
слобода и нормален
живот на
секој
граѓанин во
Македонија. Наместо
тоа сведоци
сме дека во
продолжение
се врши
дискриминација
и етничко
чистење на
Македонците
под Шар
Панина, а и
пошироко се
до Бистра и
Кораб ... но се
врши и
дискриминација
на
локалните
Албанци од
Тетово и
околните
села за
сметка на
доселеници
од Косово и
Албанија. Се
прашуваме
до кога ќе ги
толерираме
ваквите
состојби, но
и до кога ќе
ги толерира
истите досега
мирољубивата
Македонската
Дијаспора? Наместо
да се насочи
енергијата
на народот
кон
позитивни
цели,
секојдневно
и во
континуум
од многу
години сме
сведоци
како се
шилкаат
отровните
стрели и се
обременуваат
дури и млади
и невини
умови со
омраза и со
злоба, со
алчност и
подмолност...А
резултатот, ете
самите го
гледаме во
Тетово каде
што
системот за
вреднување
ги извртел
вредностите,
навистина
истите се
извртени во
умот на
младите
луѓе, но и не
само во
нивните
умови... Проф.Нестор
Огинар,
Претседател Др.Стојадин
Б.Наумовски-Цоци,
Потпретседател
|