Хит на Новиот светски поредок:
Лоботомија
На зафатот на лоботомија се надоврзува и медиумската кампања што американската влада, како што објави „Вашингтон пост", има намера да ја финансира во Македонија со цел да им објасни на Македонците дека харикирото што треба да си го извршат со таканаречени уставни промени и нема многу да ги боли

Емилија Гелева

Балканот нема потреба од теории за конспирација", изјави неодамна портпаролот на американскиот Стејт департмент , г. Филип Рикер, инаку драга и пријателска личност позната во македонската јавност. Сосема се согласувам со тебе Филипе, зашто е веќе се толку ачик што навистина нема место за никакви теории на заговори", но има потреба за Вистина.

Имено, креаторите на новиот светски поредок занесени од своето материјално богатство не само што себеси се гледаат како земски богови, туку веќе и не го кријат она што го прават. Тие сметаат дека нивниот концепт е во фино напредната фаза, па затоа сега дозволуваат извесен степен на јавност на своите, до неодамна, тајни состаноци обвиени со мистериозност. Сметаат дека е дојден моментот кога нивното јавно покажување на светот ќе му ја зацврсти илузијата дека нема друг избор. Впрочем, за оние што знаат да гледаат и да читаат, креаторот на стратегискиот геополитички концепт на овој таканаречен нов светски поредок", Збигњев Бжежински уште во 1997 во книгата Големата шаховска табла" сосема отворено му нацрта на светот што точно имаат намера да прават во Европа, Азија и на Американскиот континент. И навистина секаде се случуваат идентични сценарија, во Индија и Етиопија, во Шри Ланка и Македонија. Најкратко, според овој концепт што до детаљ обмислено и многу систематично се спроведува во секоја сфера на општественото уредување, паралелно се одвиваат два процеса: 1) глобализација (светска унификација) на економските, политичките и културните вредности и 2) фрагментација или раситнување на националните држави.

Како во народната приказна дека целиот сноп прачки никој не може да го скрши, а растурените прачки и дете лесно ќе ги парчоса или според византиската поговорка - раздели па владај!

Во оваа смисла истите главоболки за наводни поголеми права на малцинските групи им се наметнати на дневен ред и на Индија и на Етиопија, на пример. Секаде се изврши преакумулација на капиталот со таканаречената приватизација, всушност се случи светските транснационални компании без мака и речиси без пари да ги добијат големите национални капацитети во земјите на Источна и Централна Европа и секаде каде што требаше да се приватизира капиталот, истиснувајќи од домашниот пазар се што е помало и типично за една домицилна економија. На политички план, во сите земји се поставуваат марионетски лидери кои без отпор ги спроведуваат наредбите на светската влада. На културен план, на младите генерации со помош на ширење на употребата на наркотични средства систематски им се брише културното сеќавање преку идиотски спотови и филмови преполни со насилство и убивање. Ваквата глобализација пак е проследена со раситнување на државите или бришење на нивниот национален код преку намерно исфорсирани барања за права или автономии на малцинства итн., со што од човечката мапа треба да се избришат државите како национални ентитети и да се создадат мали автономии" за да можат модерните богови недоброено да си го натрупуваат богатството.

И навистина нема ништо тајно во сето ова. Како што не е тајна дека надворешната политика на Буш јуниор сс уште ја води мадам Олбрајт, односно нејзиниот патрон Бжежински. Имено, жената на Бжежински е ќерка на Едвард Бенеш, чешкиот лидер кој под налетот на комунистите во Чешка во 1949 година замина во егзил во Лондон и во чија влада главен дипломат беше таткото на Медлин, Јосеф Корбел. Оттука, Бжежински кој во тоа време е во Лондон ја знае Медлин од мали нозе и е главниот промотор на нејзината кариера уште додека беше во Националниот совет за безбедност на Џими Картер. Јосеф Корбел, пак, во САД станува професор по меѓународни односи на универзитетот во Денвер, каде што Кондолица Рајс како студент добива улога на штитеник на проф. Корбел и од кога датира нејзиното пријателство со неговата ќерка Медлин Корбел Олбрајт.

И Кисинџер е тука некаде во истото друштво на Билдерберзи, трилатерални комисии итн., иако во постојан силен личен натпревар со Бжежински, но не и концептуален. Г.Пауел и не го споменувам зашто и нема потреба и зашто, како што вели мадам Олбрајт, разликата меѓу неа и Пауел во водењето на американската надворешна политика е - што тој не носи сукња .

Е сега би требало да ни е појасно зошто и покрај се и сите пофалби за оазата на мирот" на г. Глигоров ни се случуваат измислени претседатели, пауперизација, уништување на вековните културни блага како Лешок и Матејче. Зошто и покрај очигледните злосторства на албанските терористи во Македонија, оние институции што себе си се нарекуваат меѓународна заедница, со мали варијации, се на нивна страна. Затоа што светот треба да се унифицира според еден замислен концепт, а за чие наметнување овде на Балканот се најпогодни Албанците. Независно што потоа така обезличен светот ќе биде извонредно здодевно место за живеење - каде и да појдеш секаде иста глобална визура и култура".

Во случајов на Македонија актерите на меѓународната заедница сега видоа дека ја преминаа границата во бранење на злосторникот, па се растрчаа нивните експерти од таканаречената Меѓународна кризна група да прашуваат што да прави меѓународната заедница, демек не им било јасно зошто Македонците се револтирани. Сега треба да се очекува дека на Македонците ќе им се фрли малку прав в очи со неколку изјави и потези за да се одоброволат за сопственото обезличување .

На овој зафат на лоботомија се надоврзува и медиумската кампања што американската влада, како што објави Вашингтон пост", има намера да ја финансира во Македонија со цел да им објасни на Македонците дека харикирото што треба да си го извршат со таканаречени уставни промени и нема многу да ги боли. Многу ме интересира само како би реагирала американската влада ако некоја странска влада реши да финансира слична медиумска кампања во САД. Се слуша дека и врз пратениците на македонскиот парламент се подготвува сличен зафат на лоботомија. Сигурна сум дека ако треба македонскиот народ ќе си ги даде и она малку преостанати парички, па ќе ги испрати своите претставници во парламентот каде што сакаат, не во Калифорнија отаде Калифорнија ако сакаат , ќе им ги прости сите помали или поголеми евентуални кражби за кои наводно лоботомистите имале досиеја и со што наводно им се заканувале. СС што сакаат, само да не дозволат да им се направи лоботомија на мозоците, та да си го поминат животот како полуидиоти што не дај боже, може да се пренесе и на следните им генерации.

За домашните лоботомисти и да не зборувам. Тие, всушност и поим немаат зошто се јавуваат на телевизија како портпароли на меѓународната им заедница и велат или Рамковен договор или војна, војна, војна. Сепак, повеќе верувам во коефициентот на интелигенција на народот, отколку во бедниот капацитет на домашните лоботомисти.

Во оваа смисла интересни се и залагањата на сега веќе пензионираниот генерал Весли Кларк, инаку одговорен за Косово и Србија во текот на 1999 година, кој упорно се јавува, најпрвин со заложба дека решение на кризата е независно Косово, а сега со идејата дека само НАТО и тоа со широк и долг мандат можел да ја спречи граѓанската војна во Македонија". Величејќи ги овие идеи, со поддршка преку Њујорк тајмс" веднаш му се придружи познатиот Џорџ Сорос. Инаку, за информација и двајцата се членови на невладиното тело наречено Меѓународна кризна група". Но, за разлика од пред три месеци, кога Кларк се заложи за независно Косово, веќе утредента се огласи официјален претставник на американската администрација, оградувајќи се со објаснување дека Кларк веќе не е дел од официјалната администрација, сега веќе нема никакви оградувања откако дизгините на американската надворешна политика цврсто ги презеде двојката Олбрајт- Рајс.

Ете затоа, главните светски медиуми предводени од британскиот печат пишуваат како што пишуваат, зашто им припаѓаат на истото гореспоменато друштво. Затоа на смртниците низ светот преку овие доминантни информативни канали не им се достапни идеите на други луѓе, чиј број воопшто не е мал, а кои се залагаат за поправедна светска економија и шаренило на светот изразена преку постоењето на национални држави, а не вештачки мултиплекси, кои со негување на автентичните национални култури ќе го направат светот шарено поле на духовен растеж на човековата цивилизација.

(Авторката е советник на премиерот и изразува лични ставови)