KFOR SO HELIKOPTERI  DOVLECKAL DVA KONTEJNERI NA TERORISTITE VO SIPKOVICA I BRODEC:

Во тетовскиот регион повремени вооружени провокации со поединечни и рафални истрели од пешадиско вооружување се евидентирани речиси во целото деноноќие до утрово во 6 часот. Истрелите се регистрирани од реоните на Порој, Дреновец, Лешок, Шипковица, Селце, Џепчиште, Требош, Гајре, Глоѓи, Вејце, Бродец, Лавце, Брезно, Лешок, Непроштени, како и од реонот на Попова Шапка и Голгота.
Вчера, без претходна најава и известување, во периодот од 16 часот и 45 минути до 17 часот и 5 минути во реонот на Шипковица во месноста Стана Бара, хеликоптер на КФОР од типот “чинок” слета и истовари контејнер со непозната содржина по што се врати назад на Косово. Петнаесет минути подоцна истото се повтори и во реонот на Бродец во месноста Дрвен Венук, од каде по оставањето на контејнерот хеликоптерот во 17 часот и 40 минути се упати назад во насока на Бродец - Вешала - Косово. За овие две нарушувања на просторот на Република Македонија и за целите на транспортите, Министерството за одбрана побара службено објаснување од командата на КФОР на Косово.