KAKO SE ZIVEE VO TETOVO ( prevzemeno od A1 TV)
21.07.2001
Тетово е поделен град, ама не само на збор туку онака вистински. Без оглед на официјалните тврдења, дека сосотојбата е под контрола,Тетово е изгубен за обичниот човек. Полициски пунктови на македонските безбедносни сили на веќе познатите локации, и параполициски пунктови на т.н ОНА кои никнаа во периодот на прекинот на огнот. Тетовчани ако некој заборави веќе пети месец живеат со полициски час од 5 до 22, а во последниве денови и со ограничени територии македонска и албанска. Единствено слободно се движат возилата на посматрачите. И секој во својата теритроија. Од едната страна на стадионот е пунктот на полицијата до кој е забрането движењето. На куќите наспроти него се изградени митралески и снајперски гнезда во кои што преку ден нема никој, а ноќе од нив се пука. Веднаш под куќите, е контролен пункт, исто како и на македонските безбедносни сили до стадионот само на другата половина на шеснаесетникот кажано со спортски речник. Со оружје, со барикада, и табла дека ова е слободна територија на ОНА исто сопираат и контролираат, но таму не се движат македонците. Во Тетово ноќе не може никој да се движи поради полицискиот час. Над Дреновец на пунктот на терористите уличните светла ноќеска се искршени. И во текот на измината ноќ редовно од повеќе страни од Порој, Дреновец, Џепчиште е стрелано врз позициите на македонските безбедносни сили, со рафално оружје, поединечни истрели и со светлечки ракети. И македонците и албанците си ја чуваат својата територија организирано, и по селата и по градот. Тоа важи и за дење и за ноќе се знае кој до каде може да се движи. Освен со киднапирањата и малтретирањата, закани на цивилното население локалните криминалци сега и како припадници на ОНА, ноќе се на позициите и рововите и пукаат а дење се по кафулињата и си пијат кафе. Во мода е кај младите албанци да се демонстрира притисок и храброст со носење исклучиво црна облека или црни мајци. Тешко е да се најде соговрник во Тетово, граѓаните се во постојано исчекување затоа што велат стравот исчезна го чекаме крајот, овде веќе никој ништо не работи освен што чека, никој ништо не купува, цените се дупло поскапи од секаде, особено зеленчукот. Скопјани се откачија со Арачиново, и планираат одмори, политичарите си се пазарат а ние со месеци сме заборавени и затворени во полицискиот час и заканите - коментираат тетовчани, ветувајќи дека повеќе немаат намера да бидат бегалци во својата држава. |