|
Izbor za denes na po~etokot na predvremenite Pretsedatelski izbori.
Dodeka Crvankovski se
vra}a od SAD ( NATO se pro{iri za u{te 7 zemji, a Makedonija, Albanija i Hrvatska bea gosti na sve~enosta), Kedev po~na so izjavi vo
vesnicite, Bo{ovski go odbivaat od Vrhovniot Sud,(no Makedonija ima i Ustaven Sud , Prof
[kari} potvrduva deka ima "faul"), `ivotot te~e. Bunarxik si dobiva stopan od Anglija,
"11 Oktomvri"
lokalno mom~e so pari od?? kako pove}eto od onie koi od plata kupija firmi {to ~inat od
$100 milioni pa nagore), za proletna seidba nema seme, raniot zelen~uk poskap od mesoto,
Olimijadata vo Atina se sprema za
politi~ki "podobnite "gosti...
Eve nekolku teksta od vesnici od Makedonija
{to go svrtea na{eto vnimanie:
Nova Makedonija:
Прекината седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Стојан
Андов на вчерашното продолжение на втората и третата седница ја прекина расправата поради жестоката кавга до која дојде меѓу претставникот на раселените лица од Матејче Мирослав Младеновиќ и пратениците од ДУИ
и од ДПА Невзат Бејта и Фатмир Асани.
Споменувањето на актуелните случувања на Косово и на можноста за нивно прелевање во Македонија од страна на Младеновиќ предизвика остри реакции кај
Бејта и Асани. Асани го нарече Младеновиќ “агент на Белград“ и му порача да се врати во Србија. Младеновиќ, пак, одговори дека иако по националност е Србин, сепак, тој е целосно лојален на македонската држава.
На седницата се расправаше за Извештајот на работната група на Комисијата во врска со посетата на липковскиот регион, како и за информацијата за
состојбата на раселените лица.И.П.
Utrinski Vesnik
Жестока седница со инцидент на собраниската Анкетна комисија за
раселените лица
Асани од ДПА
кажува кој треба да се сели од Македонија
|
|
|
|

|
|
|
Седницата на комисијата се одвиваше во тензична атмосфера |
|
|
|
|
ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА
Пратеникот од ДПА, Фатмир Асани, вчера во Собранието повторно испровоцира инцидент, овој пат на седницата на Анкетната
комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, и за да ја спаси ситуацијата претседателот на ова парламентарно тело, Стојан Андов, ја прекина седницата на која се расправаше за раселените лица. Асани,
револтиран од текот на расправата, мавтајќи со рацете и многу арогантно, со заканувачки тонови му рече на Мирослав Младеновиќ од Матејче: "Ти оди си во Србија, ти си Србин и треба да живееш во Белград". По
ваквата препорака на Асани, Младеновиќ буквално скокна од местото на кое што седеше и видно растревожен почна гласно да вика "Јас сум лојален граѓанин на Република Македонија, секогаш сум ги плаќал давачките
спрема државата, а што сте вие?" Во една таква зовриена атмосфера Андов стана од местото со кое претседаваше, рече дека нема услови за работа, а нема ниту кворум и ја прекина седницата.
Инаку, Комисијата едвај обезбеди кворум за работа што придонесе во самиот почеток да се создаде еден исклучително тензичен амбиент. Раселените лица уште веднаш искажаа многу
големо незадоволство од работата на Анкетната комисија и воопшто од односот на Собранието спрема раселените лица. Младеновиќ зборуваше за состојбата во неговото село, дека безбедносната состојба не се подобрува,
дека таму нема услови да се вратат луѓето, бидејќи куќите се разурнати. Во контекст на забелешката дека пратеникот Сашо Дохчев изјавил дека може слободно да се движи низ селото, Младеновиќ рече: "Да, тој можел
да се движи низ селото, но со придружба на специјалци. Нека одат и нека ги прашаат раселените дали тие можат да се вратат во Матејче. Тие треба да одат да работат на нива затоа што од тоа живеат, тие се
земјоделци". Младеновиќ спомена и дека во Липково се веат албански знамиња како да е друга држава, и додаде дека по настаните на Косово истите состојби почнува да се пресликуваат и во овој регион. Пратеникот од
ДУИ, Невзат Бејта, му сугерираше да зборува за состојбите во Матејче, а не за Липково, по што ја напушти седницата. Асани, пак, кој е од Липково, буквално го провоцираше Младеновиќ. "Се знае зошто се формира
Анкетна комисија и колку таа може да помогне. Мојата куќа беше гранатирана, но јас не чекав Комисијата да ми го реши проблемот, туку ги засукав ракавите и сам си ја санирав куќата", рече тој.
Незадоволство од работата на Комисијата искажа и Јана Петрушевска од Здружението на раселените лица од Арачиново "Зора" . "Додека ние чекаме извештај и заклучоци, луѓето ни
умираат по прифатните центри. Досега починаа 15 лица, а собите се полни со болни луѓе. Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, пред шест месеци вети полициска станица, но од тоа нема ништо. Продолжуваат
кражбите, а реновираните куќи се продаваат, бидејќи во Арачиново нема услови за живот. Нашиот тригодишен скотски живот е многу скапо платена цена за нечии, наводно, загубени човекови права", рече Петрушевска.
Na{ komentar
Nikogo se
~ini ne go interesira kade se' se rasprskani i progoneti Makedoncite od Makedonija,
Egej, Pirin?! Popis na Dijasporata ?
U{te edni izbori bez glasot na Makedoncite od Dijasporata dodeka malcinstvata ( pomalubrojni
od Dijasporata) nastapuvaat na izbori so svoi kandidati za Pretsedatel na Makedoija
i so tu|o zname i himna na masata!
Ke im dade li Popisot na Makedoncite od Dijasporata pravo da glasaat na lokalnite izbori na
esen? Ke treba li Strazbur da se javuva u{te edna{ ( prv pat se javija na eden mesec po izborite 2002) do Vlasta so preporaki da ja vklu~at svojata Makedonska Dijaspora vo tekovite na Makedonija?
Советот на Европа со ново предупредување до властите во Тирана за
односот спрема малцинствата
Стразбур бара нов
попис во Албанија
Тирана предупредена дека ги маргинализира малцинствата
|
|
|
|

|
|
|
Албанија признава македонско малцинство само во Мала Преспа: свеченост во
Пустец |
|
|
|
|
Слободанка Јовановска
Мониторинг-комитетот на Советот на Европа деновиве ја предупреди повторно Владата во Албанија дека обврските што ги презела при приемот во оваа организација, а кои се однесуваат
на заштитата на правата на националните малцинства, мора да ги исполни во што пократок рок. Според доверливиот извештај што циркулира од минатата недела во Стразбур, официјална Тирана ветила, а не направила
ништо на планот на употребата на малцинските јазици во јавната администрација, ниту пак ги вратила традиционалните локални имиња на местата и на улиците и другите топографски индикации во реоните каде што
живеат малцинствата.
Мониторинг-комитетот на Советот на Европа, исто така, бара конечно да биде обезбедена коректна статистичка информација за бројот на припадниците на малцинствата и за местото каде
што живеат, кои со Уставот се признаваат дека постојат, но со прикривањето на бројките се маргинализира нивната улога и присуство.
Сугестијата на Стразбур е да се подготви нов попис, иако од последниот организиран во оваа земја не измина ниту една година. На Албанија, во овој најнов извештај за почитување на
правата зацртани со Конвенцијата за заштита на националните малцинства, и се забележува дека не покажала напредок и во обезбедувањето подобар пристап на малцинствата до радиото и телевизијата, ниту пак
обезбедила соодветно образование на нивниот мајчин јазик, таму каде што има потреба или барање македонската, грчката, ромската, влашката и други етнички групи. Затоа, Стразбур ја потсетува Тирана дека што
поскоро треба да ги исполни препораките дадени од Советот на Европа во почетокот на минатата година, а пред сў да обезбеди постојан и отворен дијалог со малцинствата и да ја потпише и ратификува Повелбата за
регионални и малцински јазици, како базична за регулирање на нивните права според европските стандарди.
Ова, второ предупредување до официјална Тирана уследи по минатогодишниот остар извештај во кој беа посочени многу недоследности во почитувањето на правата на македонското и на
другите малцинства во таа земја, и покрај некои забележани подобрувања. Барањата што се изнесоа тогаш од Советот на Европа во голема мера се совпаѓаа со правата што ги доби албанското малцинство во Македонија,
поради што препораките беа протолкувани како инсистирање и Албанија да воведе низ мала врата некој вид Рамковен договор по примерот на нашата земја, кој очигледно има тенденција да стане регионален стандард што
ќе го промовира Стразбур. Но, иако начелно покажува желба да ги подобри правата на малцинствата, официјална Тирана досега не направи никаков чекор напред во тој правец, а место тоа побара од Советот на Европа
да ја укине мониторинг-процедурата за земјата, бидејќи смета дека со преговорите за потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ таквиот мониторинг не бил повеќе оправдан, потребен, ниту пак
релевантен.Таквото барање нормално беше одбиено од Стразбур, кој регистрираше и многубројни други забелешки за внатрешната политичка и економска ситуација што спаѓаат во негов ресор. Меѓу другото, на Албанија и
се забележува дека има широко распространета корупција, дека организираниот криминал функционира по моделот на италијанската мафија, дека тој контролира голем дел од проституцијата и трговијата со дрога во
Централна и Јужна Европа, па дури околу 50 отсто од албанскиот бруто општествен производ , според процените од Стразбур, доаѓа од илегални активности.
Kako po obicaj uste eden dobar napis od Viktor Cvetanovski:
Кимет Фетаху, претседател на Друштвото "Мир" на Македонците од Голо
Брдо
Тирана се плаши
да ја отвори темата за малцинствата
Негирајќи ги Македонците во Голо Брдо, Арбен Џафери ги негира Македонците со исламска вероисповед во Македонија
|
|
|
|

|
|
|
Малцинствата во Албанија се третина од населението и тие ќе настојуваат со
сите сили да ги реализираат своите права - Кимет Фетаху |
|
|
|
|
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
Господине Фетаху, Арбен Џафери неодамна остро Ве нападна во албанскиот печат по Вашето реагирање на ставовите на познатиот писател Исмаил Кадаре дека малцинствата се голем срам за
Албанија?
- На мојата реакција на пишувањето на Кадаре дотогаш во Албанија никој не се јави со контрареакција и многу се изненадив кога видов дека ме нападнал Арбен Џафери. Откако го
прочитав текстот, првото прашање што си го поставив беше зошто тој влегува во таа полемика? Дали тој е вистинскиот човек што може да ја каже вистината за Македонците во Голо Брдо и воопшто во цела Албанија.
Често сум кажувал дека судбината на Македонците во Македонија е поврзана со судбината на Македонците од соседните држави. Македонците со исламска религија во Македонија се наоѓаат
на самата граница со Албанија, по течението на Радика и Река и, според мене, идејата на Џафери е со негирањето на Македонците во Голо Брдо да ги негира и Македонците со исламска религија во Македонија. Неговата
логика е - муслимани сме по вероисповед, браќа сме по вера, па затоа сме исто. А тоа значи дека Македонците со исламска вероисповед се Албанци, иако тие не знаат ниту збор албански.
Според Вас, кои се причините лидерот на ДПА да ги негира Македонците во Албанија.
- Арбен Џафери уште отпорано се декларира за поделба на Македонија. Мислам дека гласот на Џафери е гласот на радикалните Албанци. За среќа, судбината и реалноста на Македонците во
Албанија, во Гора, во Голо Брдо не зависат од неговото мислење. Мислам дека не треба да се дискутира за реалноста, а Џафери има комплекси и страв од реалноста. Преку негирањето на нас Македонците сака да избега
од таа реалност, а таа е дека Албанците во Македонија живееле и ќе живеат со македонскиот народ во една држава која нема да се федерализира и да се кантонизира. Зашто иднината, не само на Македонија, туку на
целиот Балкан, е европеизирање на тој простор и соработка на сите. Не е време да правиме нови граници и нови држави. Истовремено решавањето на проблемите на еден народ не значи дека треба да се дестабилизира
целиот регион. Напротив, тоа ќе создаде проблеми за другите народи и држави на Балканот.
Од друга страна, гледам дека функционира многу добро регионалната шема на Албанците. Ако Тирана не може да направи нешто сама, тогаш бара поддршка однадвор, од Приштина или од
Тетово. Ова што сега се прави со нас Македонците носи само проблеми. Во еден период Албанците како фактор станаа интересни за американската политика во регионот, но тоа не значи дека тие ќе бидат некој голем
потенцијал за негово стабилизирање.
Арбен Џафери во одговорот на Вашата реакција на пишувањето на Кадаре употреби еден погрден збор за јазикот што го зборувате во Голо Брдо, нарекувајќи го "некаков пресушен
словенски дијалект". Дали навистина таму е загубен македонскиот јазик?
- Жално е што тој навлегува во теми што не ги познава. До 1948 година животот на Голо Брдо, на 16 села населени со Македонци, беше поврзан со македонските простори. Бевме дел од
македонската култура. Нашите луѓе беа ориентирани кон Струга, Дебар, кон Битола... Нашите дедовци не оделе на печалба во Тирана, туку во градовите на Исток. Треба да се знае каде се наоѓа Голо Брдо за да се
зборува каков живот има таму. Дури по формирањето на албанската држава населението почнало да ја почитува границата. Тогаш секој Македонец од тие места, покрај албанскиот пасош, имал и пасаван, документ со кој
слободно можел да влегува во тогашна кралска Југославија. Јазикот што се зборува таму е чист македонски. Тој е истиот јазик што се зборува и во дебарските села Отишани и Џепишта, во струшките села Јабланица,
Дренок и Модрич.
Џафери тврди дека Македонците од Голо Брдо се творба на Глигоров.
- Тие села со сегашниот македонски јазик и обичаи егзистирале со векови, а Киро Глигоров е роден во минатиот век, па според тоа не можел тој да ги измисли. Од документите на
Османлиското Царство, од турските тефтери од 1467 година, може да се види дека нашите села и тогаш ги имале истите славјански имиња што ги имаат и денес. Требиште и пред 500 години се викало Требиште, Клење -
Клење, Мало Острени - Мало Острени.
Какви ќе бидат наредните активности на Македонците во Албанија?
- Во моментов се наоѓаме во клучна фаза во остварување на нашите права. Имаме в раце два документа. Првиот е Резолуцијата за правата на македонското малцинство во Албанија,
донесена во 2002 година, а другиот се однесува на правата на сите малцинства во оваа држава. Во Албанија постои вакуум во законодавството за малцинствата. И ние сакаме да го пополниме тој вакуум. Покрај тоа,
нема посебни структури кои би се занимавале со проблемите на малцинствата. Официјално, државата признава грчко малцинство во јужниот дел и македонско во Мала Преспа. Тие малцинства се признати уште во времето
на диктатурата на Енвер Хоџа. Иако Албанија ја потпиша европската Конвенција за човековите права на малцинствата, за тоа ништо не презема. Албанските власти на тоа гледаат како на табу-тема. Едноставно, имаат
страв да ја отворат. Присутна е борба на две концепции - за унитарна и за мултиетничка држава. Ако власта го прифати мултиетничкиот концепт, знае дека ќе треба државата да ја преорганизира од корен, а
Македонците, Грците, Ромите, Власите и другите малцинства ќе си го добијат вистинското место што им припаѓа. Малцинствата во Албанија не се малку, туку една третина од вкупното население. А ние поведовме
сериозна акција и ќе настојуваме да ги реализираме целосно нашите права. Нема враќање назад. Јас ги координирам активностите за правата на сите малцинства. Сега лобираме кај еден број пратеници да нў поддржат
при донесувањето на новиот закон за правата и слободата на малцинствата. Тој веќе од 16 јануари годинава е предаден кај соодветната комисија на албанскиот парламент и до меѓународните институции. На таа тема
имав средба и со американскиот амбасадор во Тирана. Според мене, албанските власти напразно трошат енергија за да го сопрат остварувањето на малцинските права. Тоа е процес што нема да запре.
Eve go pak za toa vreme Dzaferi:
ДПА стартува денеска во Универзална сала
Џафери: Ќе ја
демаскираме власта
|
|
|
|

|
|
|
|
|
ТЕТОВО - Карванот на ДПА за претседателските избори стартува денеска во Универзалната сала во Скопје. Во
периодот до 12 април ДПА ќе помине повеќе градови и населби во земјата, а завршното претставување ќе биде во Тетово.
"Три категории проблеми се наметнуваат пред граѓаните на Македонија: идентитетот, името и јазикот на Албанците, економската транзиција и социјалните проблеми на граѓаните и
меѓуетничките односи. Од остварувањето на овие три најзначајни прашања зависи и функционирањето на државата. Приоритет се демократските избори за кои десет години промовираме демократија. Уште еднаш ќе го
нагласиме прашањето за целосно ангажирање во остварувањето на Охридскиот договор. Нудиме шанса за излез од кризата од која актуелната власт ја води Македонија во нова криза. Ќе демаскираме сў што прави
актуелната власт, а посебно наивноста на ДУИ. Наши заложби се да се зачуваат албанските интереси и да се зачува стабилноста на Македонија и регионот воопшто. Додека бевме во власта, не бевме ничии приврзок",
рече Арбен Џафери, во својство на шеф на Изборниот штаб и лидер на ДПА. На новинарско прашање на кого членовите на ДПА би го дале гласот во вториот круг, Џафери со одговор: "Велат дека сме биле голем противник
на СДСМ и Црвенковски. Не сме партија која дејствува од инает и дека во вториот круг ќе се одмаздуваме. Ќе најдеме најпродуктивно решение кое е во интерес на Албанците во Македонија".
"Со аргументи и факти ќе нагласам пред пошироката јавност дека Рамковниот договор не се реализира. Нашето учество во овие избори е да дадеме тежина на албанскиот глас, а ќе ја
истакнеме и нашата јасна определба за интеграција на Македонија во евроатлантските структури. Ќе зборувам отворено, а тоа што ќе нагласам против Гзим Острени не значи дека сум против Македонија", рече
кандидатот за претседател Зиди Џелили.
A za toa sto se’ si stoi po staro vo “okupiranite teritorii”?! Etnickoto cistenje prodolzuva
vo Makedonija, Kosovo I Metohija… Nema li samite da se demaskiraat?
Се уште не е уапсен убиецот што стрелаше на игралиштето во Тетово
Родителите на
убиениот Јосифоски сакаат да се преселат во Скопје
Најтешко ни паѓа кога наутро ќе излеземе и ќе го видиме импровизираното игралиште кај што беше убиен нашиот син
ТЕТОВО - "Досега никој не е повикан на одговорност, ниту надлежните органи во земјата кажаа кој стои зад злосторничкото
убиство на нашиот син Ванчо, кој беше застрелан на 19 октомври 2002 година. Единствено има поведено барање за кривична одговорност против непознато лице, која стои во фиоките без епилог. Огорчени сме од ваквиот
однос што и по една и пол година никој ништо конкретно не стори. Во нашите срца остана тагата, исчекувањето и неизвесноста, што не е никаква сатисфакција за крвничкото убиство". Ова вчера го изјавија Велко и
Веселинка Јосифовски од Тетово, родителите на трагично загинатиот Ванчо, кој беше застрелан на импровизирано кошаркарско игралиште, кога уште тројца негови врсници и соиграчи беа повредени. "Ги отворивме сите
врати, во СВР-Тетово, во МВР, кај државниот јавен обвинител и досега никој ништо не ни рекол за тоа кој ги искрвави рацете со нашиот син. Во тетовската полиција ни беше речено дека од почеток погрешно била
водена истрагата, но за нас тоа ништо не ни значи. Бараме да се најде убиецот и да му се суди. Дознавме дека убиецот е од Порој, но никој не го кажува неговото цело име и презиме. Обични луѓе велат дека убиецот
слободно шета по улиците. Неизвесноста нў убива, а уште повеќе фактот што овде кај што живееме не сме сигурни, не можеме слободно да се движиме, ова просто е неиздржливо".
Родителите на матурантот Ванчо додаваат дека досега повеќе пати контактирале со првите луѓе во земјава, со одговорни во МВР и во обвинителството и, освен приемот, засега немаат
никаков друг епилог. "Најтешко ни паѓа кога наутро ќе излеземе и ќе го видиме игралиштето каде што беше убиен нашиот син. Тоа повеќе не се издржува. Затоа и побаравме куќата да ја преземе државата, а нам да ни
дадат стан во Скопје. На тој начин ќе ја оттргнеме ќерката, која сў уште е дете и со нас ја дели нашата судбина, тагувајќи за саканиот брат. И на оваа покана никој во државата не се одѕва. Оставени сме сами на
себе. Сега бараме да ни помогнат Хавиер Солана, Лоренс Батлер, мисијата "Проксима" и другите надворешни фактори во земјава. Можеби тие ќе ја сфатат состојбата во која се наоѓаме", велат родителите на покојниот
Ванчо Јосифовски. (Г. Е.)
]e
~ekame li na sudewa od ovoj vid kako na Milo{evi}, no za zlostorite ne U^K i Albancite
vo Makedonija, i do koga }e ~ekame?
Судењето на Слободан Милошевиќ во Хаг
Срби и Муслимани
сведочат за хоророт во Бјелина
Сведокот избројал 48 трупа на улиците на градот, сите биле цивили и ниту еден не бил вооружен. Тој изјави дека и
други луЃе загинале, но дека роднините ги однеле телата на погреб
|
|
|
|

|
|
|
|
|
Подготви: Борис Георгиевски
Кога беше договорено примирјето во Хрватска, војната се префрли во соседната Босна. Меѓу првите пламна Бјелина, град на стратегиски значајна положба помеѓу Србија и Краина. Градот
за неколку дена им паднал в раце на локалните Срби, кои биле предводени од Жељко Ражњатовиќ-Аркан. Локалните Муслимани се обиделе да се бранат, но не можеле да се носат со далеку надмоќниот непријател, и
успеале само да постават барикади на два приода кон градот. Од српска страна, Аркан ги предводел Белите Орли, резервистите, вооружените цивили и војската, вооружени со лично вооружување, минофрлачи, топови и
тешка артилерија.
Обвинението го товари Милошевиќ за злосторства во 45 босански општини, а обвинителите изнесоа докази за злосторства во вкупно 14. Прва беше Бјелина.
Заштитениот сведок Б-1003, кој за време на војната работел во Министерството за внатрешни работи во Бјелина, беше првиот кој опиша што се случувало во градот. Б-1003 бил на пат на
31 март 1992 година, кога аркановците го опколиле и нападнале градот. Кога Б-1003 следниот ден се вратил во Бјелина, борбите веќе биле завршени и имало голем број жртви. Сведокот избројал 48 трупа на улиците на
градот, сите биле цивили и ниту еден не бил вооружен. Сведокот изјави дека и други луѓе загинале, но дека роднините ги однеле телата на погреб. Следниот ден српските власти побарале од локалните полицајци да
положат заклетва за лојалност, а сите што не биле Срби биле отпуштени. Полициските извештаи кои претходно биле пишувани до босанските власти, биле упатувани до српските власти и до Сојузното министерство за
внатрешни работи. Наскоро пристигнала и пратка полициски баретки и беџеви, и на локалните полицајци им било наредено да ги носат. Сведокот додаде дека неговиот началник често патувал во Белград. Б-1003 изјави и
дека од самиот почеток на судирите била јасна врската меѓу Аркан и Маузер, моќниот шеф на месниот кризен штаб. Тие двајца и давале наредби на полицијата. Откако настапило затишје, Србите полицајци добиле список
на локалните Муслимани кои требало да бидат уапсени. На списокот биле сите угледни жители, образованите жители и сопствениците на локалните продавници и фирми. Наскоро биле уништени сите градски џамии. Сведокот
посетил една од уништените џамии и утврдил дека била минирана.
Обвинителот Дермот Грум прочитал список на блиските села за кои сведокот потврдил дека нивните жители колективно се обврзале на лојалност кон новата власт. Меѓутоа, во следните
неколку месеци речиси сите Муслимани побегнале, стравувајќи за своите животи.
Од вкрстеното испитување изгледаше дека стратегијата на Милошевиќ е да докаже дека муслиманските екстремисти го почнале судирот во Бјелина, на тој начин што подигнале барикади и
пукале од митралези и снајпери врз срспските цивили, дека тоа бил локален судир, и дека локалните власти побарале помош од Аркан и дека ниту ЈНА, ниту српската полиција не учествувале во борбите. Сведокот на
овие тврдења на Милошевиќ одговарал или со несложување или дека нема доволно информации. Милошевиќ прочитал долг список на Муслимани кои, наводно, служеле во војската на Република Српска. Сведокот познавал само
неколкумина од нив, но рекол дека се сомнева оти тие служеле доброволно, бидејќи нивните семејства останале во деловите кои биле под контрола на босанските Срби.
Обвинението ја наведува Бјелина како прва станица во четиригодишната кампања на етничко чистење, терор и геноцид кои ја зафатија цела Босна и Херцеговина.
Во понатамошниот тек од судењето уште еден сведок од Бјелина се појави како сведок на обвинителството против Милошевиќ. Алија Гусалиќ станал цел на одмазда на Србите откако се
обидел да фрли бомба врз кафулето ?Србија" во Бјелина, во кое се собирале српски доброволци. Еден или два дена порано, еден Србин фрлил бомба во кафулето ?Истанбул", ранувајќи Срби и Муслимани кои се затекнале
таму. Гусалиќ во инцидентот во кафулето ?Србија" бил ранет во едната нога и бил одведен во болница, каде што го затекнала војната. Три дена подоцна, српските сили ја зазеле болницата. Наместо да биде лекуван,
Гусалиќ оттогаш бил постојано тепан.
Аркан ја посетил болницата, заедно со Билјана Плавшиќ и Фикрет Абдиќ. Аркан му рекол на Гусалиќ да си оди дома, никаде да не излегува и дека никој нема да му прави проблеми.
Меѓутоа, до Гусалиќ почнале да пристигнуваат заканувачки писма, а толку често примал ?посети" од војници, што неговата куќа почнала да личи на касарна. Кога се обидел да побегне, властите му се заканиле дека
членовите на неговото семејство ќе бидат убиени, доколку не се предаде. Во локалната полициска станица бил повторно претепан, но успеал да побегне. Подоцна дознал дека неговата жена, едномесечната ќерка и
братот биле затворени во ладилник за да им откријат на српските сили каде се наоѓа, но не знаеле. Повторно бил уапсен кога отишол да ги посети жената и ќерката. Следувале четири дена тепање во полициската
станица, а потоа неколку месеци затвор, мачење, сексуално малтретирање, присилна работа и изгладнување.
Гусалиќ, заедно со уште тројца мажи од Бјелина биле одведени во логорот "Батковиќ". Толку ги тепале што еден од мажите умрел уште првата ноќ, а вториот неколку дена подоцна.
Гусалиќ и уште деветмина имале статус на ?специјалци", биле издвоени и редовно биле претепувани. Секој кој поминувал имал право да ги тепа. Ги тепале барем по четири пати дневно - за појадок, ручек, вечера, и
повторно околу полноќ, сў додека не паднеле во несвест. ?Специјалците" биле одвоени од другите заробеници. Кога некој од нив ќе умрел, доведувале друг да го замени. На Гусалиќ му биле скршени голем број ребра и
'рбетот, бил изгладнуван и имал отворени рани преполни со црви по целото тело. Загубил речиси половина од својата телесна тежина (од 110 на 59 килограми) за време на заробеништвото. Четири пати стражарите
мислеле дека е мртов и го однеле меѓу труповите, но секојпат го враќале, бидејќи во последен момент ќе помрднел со ногата или раката. Бил принуден да јаде слама и да има сексуални односи со другите затвореници.
Кога во кампот дошла посета од Меѓународниот комитет на црвениот крст, ?специјалците", старците, децата и една жена која била меѓу затворениците, биле скриени. Сите, освен двајца, од вкупно 2.000 затвореници во
"Батковиќ" биле цивили.
Во септември 1992, Гусалиќ и другите специјалци биле префрлени во кампот во Добој, каде што условите биле подобри. Таму ги тепале само со полициски палки, кои сведокот ги нарече ?играчки"
во споредба со инструментите кои на нив ги употребувале стражарите во Батковиќ. Во Добој, сведокот морал да копа ровови и да ги пренесува мртвите и ранетите борци на Војската на Република Српска. Го одвеле во
блиското село, кое ВРС го нападнала и покрај тоа што месното население се обврзало на лојалност кон Република Српска и потпишале договор за ненапаѓање. Во една куќа нашле 40-ина цивили, ?некои стрелани, некои
заклани" кои сведокот заедно со другите затвореници ги натоварил на камион. Поголемиот дел имале пресечени вратови, а останатите биле убиени од огнено оружје. По 11 и пол месеци, Гусалиќ бил вратен во Батковиќ.
Три месеци подоцна, бил пуштен во размена на затвореници.
Во вкрстеното испитување, Милошевиќ не се осврна на описите на насилство од страна на сведокот. Наместо тоа, тој поставуваше прашања околу одговорноста за почетокот на војната во
Бјелина и го наведе сведокот да се сложи дека и Муслиманите се бореле во редовите на Војската на РС. Милошевиќ покажа два документа кои му биле дадени на увид од канцеларијата на Обвинителството. Едниот од нив
беше извештајот на делегацијата на Меѓународниот црвен крст која го посети кампот во Батковиќ. Милошевиќ од извештајот прочита: ?Затворениците не се жалеа на лошите услови и, главно беа во добра здравствена
состојба. Меѓутоа, спиеја на слама на подот во пространа незагреана штала и во која условите беа неподносливи кога ќе настапше ладно време". Гусалиќ рече дека тој опис не и одговара на вистината. Вториот
документ беше извештај на новинската агенција Ројтерс од 26 февруари 1993. Во него "Батковиќ" беше опишан како собирен центар за Муслиманите и Хрватите кои учествувале во борбите. Новинарот забележал дека
немало очигледно непријателство меѓу Србите и затворениците. Во текстот е цитиран некој службеник Србин, кој изјавил дела Србите се во полоша физичка состојба, отколку Муслиманите во Батковиќ. Гусалиќ на тоа
одговори:?Господине Милошевиќ, тоа е чиста лага". Во еден момент при вкрстеното испитување, сведокот го погледна Милошевиќ и му рече:?Срам да ви е, господине Милошевиќ".
Извор: Архива на "Утрински весник" и Хашки трибунал, ЦИЈ
Геноцид
Исповед на
преживеан од Сребреница
|
|
|
|

|
|
|
Аркан и неговите "тигри" на фронтот во Босна |
|
|
|
|
Еден од ретките сведоци кој го преживеал масакрот во Сребреница, сведочеше на судењето на Слободан Милошевиќ, под шифрата
Б-1399. Обвинителот Стефан Веспи го прочита неговиот исказ во збиена форма. Сведокот се вратил од работа во Србија во родната Босна за муслиманскиот празник Бајрам во 1993 година. Поради војната било невозможно
да и се врати на работата на која поминал 15 години. Тој бил еден од бегалците кои се нашле во Сребреница кога Војската на Република Српска ја зазела оваа заштитена зона во јули 1995. Сведокот им се придружил
на 10 до 15 илјади мажи кои побегнале кон шумите во правец на Тузла, стравувајќи дека ќе бидат убиени од победничките сили. Колоната луѓе следниот ден упаднала во замка во близина на патот Братунац - Коњевиц
Поле и им било наредено да се предадат. Генералот Ратко Младиќ пристигнал околу 7,30 часот и ги уверил дека ќе бидат разменети за српски заробеници. Луѓето биле натоварени во камиони и автобуси и одведени во
Братунац, каде што ја поминале ноќта. Утрото, камионите и автобусите формирале конвој од околу 30 возила кој се упатил кон Зворник. Застанале пред училишниот двор во Грбавци и биле одведени во фискултурната
сала во која им се придружиле на група од 700 до 800 мажи. Од фискултурната сала, откако им биле ставени црни превези на очите, биле изнесувани во групи од по 30 и товарени во камиони. Биле одвезени недалеку од
салата и откако излегле од камионите, почнало пукањето. Човекот кој се наоѓал покрај Б-1399 бил погоден и паднал врз него на земјата. Тоа му го спасило животот. Тој лежел, слушајќи како ги убиваат луѓето кои сў
уште се движеле. Била доведена механизацијата за да ги натовари телата и да ги ископа гробовите. Еден човек кој бил ранет, ги молел своите егзекутори да завршат со него, но му било одговорено: ?Полека, полека".
Б-1399 успеал да побегне кога некој друг преживеан станал и почнал да трча кон шумата. Тој човек не успеал, но сведокот успеал. Чекал во близина до зората, покрај многубројните тела. На крајот, по десет дена
одење, успеал да стигне до ?слободната територија". Сведокот беше во состојба по име да идентификува едниот од егзекуторите, Гојко Шимиќ, бидејќи работел со него 15 години во Србија. На имињата на другите не
можеше да се сети. Тој проценува дека шест или седум луѓе биле вклучени во егзекуцијата во близината на училиштето во Грбавци.
Dali e gonocid samo koga Arkanovcite go pravea toa?? Koga
}e bidat prozvani site vinovnici od UCK i na niv
sli~nite? Dali tajfata na Xaferi ,Ta~i … se nadeva na novi amnestii i vadewe od “Crni Listi”? Dali
nekoj ne{to i na nim im vetil za “osloboduvawe od odgovornosta za `ivotite na kidnapiranite” kako
{to pi{uva tekstot podolu za Mladi}?
Во замена за ослободување француски пилоти
Ширак му ветил
имунитет на Младиќ
|
|
|
|

|
|
|
Генералот Ратко Младиќ во Сребреница |
|
|
|
|
При вкрстеното испитување од страна на Милошевиќ на поранешниот претседател на СР Југославија, Зоран Лилиќ, на виделина
излезе еден разговор кој можеше да предизвика меѓународен скандал. Од разговорот произлезе дека францускиот претседател Жак Ширак прифатил да не го израчува генералот Ратко Младиќ на Меѓународниот трибунал за
воени злосторства во замена за ослободување на двајцата заробени француски пилоти. Нивните авиони биле соборени над Босна на 30 август 1995 и неколку месеци биле држени во затвор од страна на елитните единици
на Младиќ. Во декември, пред потпишувањето на Дејтонскиот договор, било договорено сў, но Ширак и натаму инсистирал на ослободување на пилотите. Пред судот, Милошевиќ го праша Лилиќ:?Дали знаете дека Ширак
неколку пати ме повика во Дејтон и инсистираше дека јас морам да дознам што се случило со пилотите?". Лилиќ одговори:?Да. Дури рече дека Французите ќе стават ултиматум на договорот". Иако Младиќ во почетокот
велел дека не знае каде се пилотите, подоцна побарал гаранции дека никогаш нема да му биде предаден на Хашкиот трибунал. На 10 декември, во тајно снимен телефонски разговор, Лилиќ му рекол на тогашниот началник
на Генералштабот, Перишиќ:?Ќе го напишам тоа писмо на хартија со заглавје на СРЈ за да му гарантираме дека нема да биде предаден на судот. Тој доби гаранции од Ширак и од Слободан и не знам што уште. Јас и ти
ќе одиме таму да му го врачиме".
|