Ova bez odlaganje povikuva na itna i energicna akcija na site Makedonci kade i da se vo Makedonija i svetot!
14.12.2002
| Од понеделник учениците Македонци од шест тетовски села ќе
започнат со настава, по три ипол месеци од почетокот на учебната година, во
зградите на подрачното училиште и Домот на културата во Сиричино, е еден од
заклучоците на денешниот состанок на родителите, претставниците на месното
заедници и на дел од наставниците од основното училиште во Шемшево одржан во
Сиричино. Според искажувањата на присутните, оваа одлука е последица на непочитувањето на претходно договорениот компромис за основното училиште во Шемшево, со кој како најважно се предвидуваше отстранување на бистата на Јумни Јунузи од пред велзот на училиштето, а што досега не беше сторено до страна на Албанците. „Наставата во Сиричино ќе се изведува се додека целосно не се исполнат обврските од компромисот: името на училиштето да биде „Шемешево“, бистата на Јумни Јунузи да се отстрани од училишниот двор, секретарката Владанка Апостоловска да остане на работа, враќање на сите протерани Македонци на нивните работни места во Шемшево и да нема знамиња на туѓи дрzави на јавни објекти во селото“, изјави Зорица Јовановска, член на Одборот на родители на учениците Македонци. За што побрзо враќање на учениците Македонци на настава во училиштето во Шемшево на денешниот собир беше речено од Владата да се побара да одреди посредник кој директно ќе учествува и ќе придонесува во разговорите помеѓу претставниците на македонското со албанскот месно население со цел побрзо решавање на проблемот.
Prevzemeno od A1 TV |