![]() ![]() |
[28.05.2002] На
преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква за воспоставување
духовно единство меѓу двете цркви потписниците на документот од Ниш,
владиците Петар, Тимотеј и Наум, се сложија на широка автономија наместо
автокефалност на МПЦ.Во документот никаде не се споменува името Македонска православна црква, туку се користи називот Охридска Архиепископија, а во титулата на поглаварот се брише придавката македонски, па тој би бил Архиепископ охридски и митрополит скопски. Покрај тоа, МПЦ се третира како епархија на православната црква во Република Македонија и како една од архиепископиите во рамките на СПЦ. Синодот на Македонската православна црква, по јавниот притисок, го одби скандалозниот договор од Ниш и констатираше дека не е потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу МПЦ и другите помесни православни цркви. Дали се премина црвената линија што значи достоинство на македонската црква? |
| Кликнете тука и напишете што
мислите вие. Eve go prvo tekstot [to A-1 ne go objavi, a podolu gi imate tekstovite sto gi objavi vo vrska so komentarite na Makedoncite okolu spekulaciite za imeto na MPC. Za toa sto ima za cel A-1 ne e potreben Komentar !
|
|
| Tekstovite podolu se objaveni : Бисери на безумието - обезличување дел 3: |
|
| Треба да му биде на секого јасно дека овие будалаштини што
ги прават владиците „автономисти“ колку да произлегуваат од желбата за
задоволување на нивната суета за дочеци и пречеци од другите цркви, во
голема мера е поттикната од Љубчо и неговата клика. Целта е јасна. Да се создаде хаос во Македонија пред изборите и да се „поправи“ грешката што комунистите ја направиле кога го помогнале одвојувањето на МПЦ од СПЦ. Исто така цел му е да ја сврти јавноста на друга страна за новинарската дулбија да не ги следи неговите нечистотии. Мудро?! Но, ѓаволски лукаво и со невидена штета по македонското битие. Еј Македонче, гнило конче! До кога ќе произведуваш полтрони и предавници? До кога ќе трпиш тиранија! Ќе имаш ли храброст да станеш и да се справиш со овие изроди! Ќе дозволиш ли понатаму душманите од секакви врсти да ти ја пазарат црквата! Разбуди се! Стори нешто сега, бидејќи ако ги отспиеш овие мигови, утре ќе те избришат од реалноста на оние кои постојат. Науме Наумовски, Велес, Македонија |
|
| Во сите времиња од своето историско живеење, најголем терет
за македонецот бил неговиот национален комплекс. Неможејќи да ги согледа и оцени своите вредности, секогаш прибегнувал кон асоцирање кон некоја друга национална група. Заради тоа во историјата сме имале и србоманство и бугароманство и гркоманство. Денес ова е многу изразено во круговите на нашата црква. Денес имаме искомплексирани владици и калуѓери, кои како што ни се експонираат, влечат кон србоманство и гркоманство. А бугароманството овој пат го афирмираат некои челници од власта. Што да се направи за да се надмине овој психопатолошки национален синдром? 1. Да не се прифаќат за нормални овие настраности. 2. Да поведеме акција за отстранување на тие искомплексирани лица од позициите кои ги држат (како владици или пак политичари) 3. Комплексот да си го лечат на друго место. Не може нашата МПЦ да продолжи да живее и напредува со вака искомплексирани владици! Црквата треба да ја управуват и водат честити и докажани владици и калуѓери, кои не болуваат од овој национален комплекс. Затоа да гледаме да не ги прифаќате за разумни, неразумните предлози на овие искомплексирани луѓе, во ситуацијата владици. Срам да им е! Петре Темелковски, Прилеп, Македонија |
|
| До кога ќе се продава македонското име и углед низ светот.
Почна претседателот на државата, а сега и господата владици го продолжуваат
истиот пат по кој повеќе од неколку години оди и нашата влада. Како за нашите водечки личности да нема никакво значение песната „Народе Македонски“ каде се вели „кој душман ќе влезе жив нема да излезе“, а кај нас кој душман влегол не само што не излегол туку има и шанса да биде и во парламентот и да биде на следното избирачко ливче (али ахмети), намерно им ги пишувам имињата со мали букви затоа сто не заслужуваат ниту да се споменат, а не да им се користат големи букви. Ви благодарам за можноста што ни ја пружате да го искажеме и нашиот став по некои прашања кои се во интерес на нашата држава Македонија. Дејанов Зоран, Колумбос, САД |
|
| Постои големо недоразбирање кај нашиот народ, кој поради
својата гордост не е во состојба да ја согледа реалноста, и додека ја
согледува туѓата неправда, својата ја спроведува. Охридската Архиепискпоија се здобила со афтокефалија за време на Самуиловото царство, кое било словенско царство, а не Македонско, тоа што цар Самуил бил Македонец или ние така го сметаме, не го чини неговото царство Македонско. Империите-царствата и кралевствата имале поинаква структура од таа на денешната држава. Македонски цареви владееле на Византинскиот престол, Скандинавци и Германци биле Руски цареви итн. Охрид со афтокефалната Архиепископија станал центар на Словените, кои биле масовно покрстени. Прво словенско царство на Балканот било Бугарското, под чија окупација се наоѓала Македонија. Македонците во тој период биле еленизирани и се сметале за Византинци-Ромаои. Впрочем, Самоиловите војници биле ослепени од Византиската војска на чело со Македонската Династија, односно императорот Василиј 2, кој во историјата е наречен Бугароубиец. Само затоа што некои збидувања се случувале на Македонската земја, кога не постоело Македонско царство (држава), ние не можеме да и ги препишеме на денешната Македонска држава. Очигледно Самуил ни самиот незнаел дали бил Македонец или Бугарин, но знаел дека бил Словен, така и неговото царство не било именувано Македонско. Славица, НУ, САД |
|
| Ако не не почитуваат православните, тогаш можеме како
Романците да го признаеме Папата. Зашто да се каниме на вечера каде не не сакаат кога може да бираме друштво. Српските попови можат да се сликаат, тие немаат никаква власт во Македонија, па воопшто не ми е јасно зашто разговараме со нив. Фактот е дека православните цркви биле врзани со државите одсекогаш. Имање црква на Балканот е скоро како имање држава и националност. Државата ни беше дадена на тацна, за црквата ќе треба да се потрудиме. Вања Јосифовски, Лос Гатос, Калифорнија |
|
| П.С. Сакам да додадам дека Охридската Архиепископија
никогаш не била призната под името МПЦ, ниту имала афтокефалија, туку била
во состав на Константинополската (Византиска), денешна Вселенска црква, од
која ја превзела Српската црква, откако самата се здобила со афтокефалија. На почетокот постоеле пет афтокефални цркви, меѓу кои не постоела МПЦ, тоа се: Ерусалимската, Римската, Антиохиската, Александриската и Константинополската црква, додека Охридската црква никогаш не била патриархија, туку само архиепископија, а Солунска црква била епархија. Факт е дека денешните афтокефални цркви не ја добиле својата афтокефалија едноставно, како што нам ни се чини, туку е процес, кој зависи од меѓусебните односи на црквите, географската положба, политичката состојба меѓу државите, нивната историска поврзаност и ред други фактори. Факт е исто така, дека Македонската црква без да биде призната од другите православни цркви, самата се одвоила и се прогласила за афтокефална, што значи го прекршила канонот. Без сомнение, иницијативата била комунистичка со цел да ја разедини црквата, што и овозможи на социјалистичката (безбожна) власт да превземе поголема контрола врз црквите, односно да ги секуларизира, т.е. отстапување на црквата од својата првобитна улога и прилагодување кон безбожниот свет, односно прифаќање на црквата како културен споменик, кој традиционално ги исполнува црковните обреди, во отсуство на жива вера ... Славица, НУ |
|
| Почитуван мој Македонски народе дај еднаш стани и не го
трпи овие понижувања како на политички, економски, културен, па сега и на
духовен план расчишти еднаш барем со предавниците кои јавно се кажуваат, па
и без срам и грижа на совест за што се залагат !!! Поповите Јован, Петар, Наум и тој другиот да си одат, Јован за Грција затоа што тој одамна се бореше против Македонската Православна Цркава, во Штип проповедаше на грцки па го набркааа, па ете и до каде стигнал до синодот и таму да одлучува за МПЦ!? Како е тоа можно такви што го мразат македонскиот народ да бидат и духовни водачи, а другите двајца Петап нека оди за Србија со кокардата на глава како и Наум кој за пари прави се. Такви ли предавници не може да го преставуват и предводат македонскиот духовен живот и да си заминат веднаш!!! Таквата срамна одлука сто ја потписаа е голем срам за сите нас и се за секаква осуда. А што се однесува до Православните цркви ова е голема жалост да не признават црква која е иста како нив, голема срамота за православието! Најпрво тие нека си сменат од Српска во Пеќка патријарсии, бугарската во Трновачка и така натака па дури тогаш ние во Охридска. Дали католиците стават државна припадност на црквата на пример италијанска католицка црква или постои само католицка црква што мислите зошто? Зошто не се вика православна црква и ништо повеќе и нека биде управувана од еден центар, а не политички предзнак за припадност на некоја држава? Фиданчо Јосифов, Виндзор, Канада |
|
| Моето прашање се однесува на сите Македонски христијани:
Дали ја посетувате црквата секоја недела (секоја литургија), и учествувате
ли во Светите таинства на покајание, исповед и причесна? Постои древен закон, кој е канонски утврден, а тоа е: Секој христијанин, кој трипати неоправдано отсуствува од Божјите служби, нема никакво право, ни глас во црквата, се додека не се покае, исповеда и причести. Кои сте вие, што глас кревате? Кој црквата своја ја предава и Бога го изневерува? Кој ја предава Македонија? Бог не е Македонец, туку Македонија Бозжја е! А Македонија - ние сме! Ете, сите сме повикани, секоја недела (воскресение Христово) да се собереме во домот Божји (литургија), на Божјата трпеза, која е полна со Божји благодати, но од многуте повикани, малкумина се огласуваат на Господниот повик, или мислите доволно е да се појавиме в црква на големите празници:"Свеќа за здравје да си запалиме"?! Тие што се црква - Тело Христово, нека говорат во име на црквата, но тие кои ни црква знаат, ни црква виделе, најдобро е да молчат, особено ги нагласувам новинарите, кои секој ден ги набројуваат предавниците, но своето "шпионство" не го ни забележуваат. Името на црквата е небитно во однос на верата. Црквата православна, Македонска, Руска или Српска не е народна (национална), туку Бозжа е! Се разбира пожелно е да си го задржиме името МПЦ, но тоа е безсмислено, доколку остануваме да бидеме неканонска расколничка црква. Славица, НУ, САД |
|
| Навистина жалосно! Сите по нешто велат, дури се осмелуваат
да ги осудат нашите владици, мислејќи дека ја бранат честа на црквата,
несфакајќи дека црквата е чиста и чесна, и нема потреба ние да ја спасуваме,
туку таа нас ќе не спаси, а ние пред Бога сме недостојни, и погрешно е да
браниме некакво достоинство, кое го немаме, зашто само Господ може да не
удостои! За оние пак, кои ја бранат гордоста македонска, потребно е да знаат дека гордоста е дрскост и бездушност (студенило на срцето), што ја чини смртен грев. Проблемот не е во името на црквата, што е ирелевантно во однос на нејзината улога, туку проблем е тоа што македонскиот народ има неправилен однос кон црквата, воедно и погрешен концепт за Бога. Црквата не е некакво национално и културно богатство на Македонија, туку е несрамнително поголема од нацијата, културата и традициите: „И Царицата Јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од друга земја да ја чуе премудроста на Соломона; но, ете тука е многу поголема од Соломона“. Евангелие од Матеја, 12:42. Царицата Јужна е црквата! Мудриот цар и Божји пророк Соломон го пророкува Христовото доаѓање на земјата, и ја опева верноста (верата) и љубовта помеѓу црквата и Христа. Самиот Спасител вели дека вратата на адот не ќе и одолее на црквата Негова, што значи дека надвор од црквата не постои вера, ниту пак спасение е возможно. Црквата не е некаков национален христијански симбол... Раба Божија |
|
| Политичарите лесно го предадоа името Македонија за да бидат
на власт, а сега исто тоа го прават и Поповите ја даваат Душата на нас
Македонците нормално и они да се дочепаат до Цариград. Само гледано наназад
ништо не се вратило назад. Димче Ордески, Тубинген, Германија |
|
| Од кога мора една црква да биде признаена од некого?
Посебно од црква која е расколнички одметната од Македонската Охридска
Патријаршија. Зосто да и даваме легитимитет на Српската и Цариградската патријаршија кога тие и двете се против Македонскиот народ. МПЦ треба да биде независна православна црква. Не постојат Црковни Обединети нации и затоа МПЦ не треба воопшто да се става во позиција да зависи од Грчките и Српските цркви и да биде „признаена“. Протестантските цркви не се „признаени“ од папата, па сепак, ја водат најсилната земја во светот. Ако нашите „православни браќа“ толку не сакаа зошто ниту една црква не и помогна на МПЦ во борбата да ја возобнови нејзината легитимна афтокефалност. Заради тоа МПЦ е таа што не треба да ги „признава“ другите цркви. Јас не се чувствувам помалку православен затоа што грчката, бугарската или српската црква не ја „признаваат“ МПЦ. До кога ќе бидат Македонците сервилни и кога ќе сватат дека одговорот на сите нивни проблеми лежи во нивните постапки, начинот на кој ги решаваат проблемите и имањето визија и цел! Димитар, Вашингтон, ДЦ |
|
| Имињата Охридска Архиепископија и Македонска православна
црква и историски и политички подеднакво му припаѓаат на овој народ, така
што излишни се расправиите дали треба вака или онака да се нарекува црквата.
Факт е дека предлогот на СПЦ е најповолниот кој досега е добиен за решавање на „суетниот“ спор меѓу црквите, но за тоа мора да реши Синодот, како единствен надлежен по тие прашања. Јавноста мора да остане на страна. Факт е дека СПЦ нема да прифати да се задржат и двете имиња, исто како што е факт дека со ваков статус кво, МПЦ е единствената расколничка црква во православието. Одлука мора да биде донесена во секој случај. Која и да е, нема да биде на штета на Македонија, затоа што секогаш има начин да се оди понатаму. Никој не може да му го одземе убедувањето и свеста на човекот. Лидија Милошевска, Скопје, Македонија |
|
| Јас сум за самостојна и независна македонска црква, а не за
некакви си автономии и слични авантури. После ќе ни наметнат дека и ние сме
Срби, само ни фалат мали јазични корекции. А тоа што не не признаваат другите цркви е најмалку битно. МПЦ опстојува за своите верници и од своите верници, а не од некакви си црковни друштва на православните цркви. Тоа е ирелевантно. Ако тие не не признаваат, голема работа, и ние не ги признаваме. Што, да не дојдат да се борат со оружје да ни ја земат верата? Владиците треба само својски да настапат пред сите други цркви ако им е тоа битно, а не само да веднат глава и послушно да ги слушаат другите. Ние сме постари од сите на Балканот, па нека не се понижуваат себе, а уште помалку својот народ. Само гордо и достоинствено, затоа што само така се опстојува, а со губењето на самостојноста се губи и националноста. Војо Тричковски, Охрид, Македонија |
|
| Најпрвин би ги опоменал сите оние кои така лесно се
впуштаат во осуда на нашите епископи за кои сум сигурен и уверен дека на тој
чекор се решиле не од некаков личен или предавнички интерес, ами спротивно,
од преголема љубов кон нашиот Господ и својот народ македонски. Знам дека кај многу Македонци, наследно и „православни“, се јавува револт после овој „неочекуван“ чин на нашите епископи, но моравме и тоа да го пробаме. Сега барем нашите епископи полесно ќе можат да преговараат со српските браќа во Христа, затоа што сега на сите пред очи им е ставот на македонскиот народ. Затоа браќа, ние православните Македонци, не со бунт или сила да ја докажуваме нашата македонштина, ами со достојни дела кои ќе засветлат пред сиот православен христијански свет. Па кога ќе го видат тоа, ќе не земат во своите прегратки за заедно да го прославиме нашиот Отец Небесен и нема воопшто да не прашуваат дали сме признати или не, или сме автокефални или автономни или не... Сето ова може да им звучи на добра приказна на многумина „современи“ од овој век, а моите мисли „заостанати“. Но тоа е реалноста што ја имам вкусено и тоа овде каде што сум, а е и реалност и за многу други. Затоа браќа Македонци да се помолиме на нашиот Бог да не избави од сите овие искушенија во кои се наоѓаме по своја вина. З БОГОМ! Марјан Радевски, Детроит, САД |
|
| Воопшто не треба да се менува името на МПЦ! Тоа мора да го
има на ум секој вистински свештеник во Македонија. Името на МПЦ претставува симбол со кој нашата црква не обединува насекаде по светот. Никој од сегашниве владици нема постигнато успех во признавањето на МПЦ досега, па ајде туку така одеднаш ќе се впуштаат во опасни религиозни авантури?! Тоа не смееме да си го дозволиме! Народот е должен да ја брани честа на црквата, а не честа на политизираните владици. Да се надеваме дека образот на МПЦ и понатаму ќе си остане чист и неизвалкан. Огнен Вељановски, Лондон, Англија |
|
| Е нема менување на името! Ние сме Македонска православна
црква за сите во светот. Ако тоа не им е по ќеиф на соседите и не сакаат да
не признаат, тоа е нивни емотивен и психолошки комплекс. Ние Македонците со своето гордо име Македонија и македонскиот јазик и култура, обичаи и традиција ќе чекаме и ќе дојде денот кога ќе не признаат како Македонија, т.е Македонска православна црква, македонски јазик и уставното име Република Македонија. Нема давање или губење на идентитетот. Ннема плачење и молење за името. Нема подолни и искомплескирани муабети за името. Сите да сфатат, особено Србите, Бугарите, Албанците и Грците, дека Македонската православна црква била, е и ќе биде независна православна црква на чело со македонските верници и макдонскиот јазик. Ирена Мојсовска Папа, Сандерленд, Англија |
|
| Дами и господа, зарем не гледате дека сето ова е само
испитување на пулсот на јавноста, за нешто веројатно однапред решено ....
нешто што бандитите на Георгиевски го искроиле под дирекција на
заинтересираните соседи. Зарем не е „чудно“ што во моментот кога треба со Грција да се „преговара“ за името, одеднаш со Белград се „преговара“ за името на црквата. Наивни се оние кои мислат дека зад ова не стои Љубчо со екипата. Меѓутоа, за времето на неговото „владеење“, тие се откажаа од многу нешта, значајни за националниот интерес на МАкедонија, така што и ова не би било големо изненадување..... А ние ќе си повикаме малку, ќе погаламиме, ќе дискутираме со пријатели и сл, и пак нема ништо да промениме...На здравје.... Чада, Торонто, Канада |
|
| Срам и Господ да ве казни (нелегални) Владици и Религиозни
Предавници. Ова е веќе апсурдно што го правите и работите против Божји
Закони. Јас Македонија ја гледам на последната страница од Библијата (Новиот Тестамент или од Картата на мисионарот Апостолот Паулус), а тука добро стои дека на Третата Посета во Солун и околината на Охридско и.т.н., ги пробудил страстите на Македонскиот Народ за христијанската вера и позадините што од тоа ново верување произлегувале. Да напомнам уште ова: Сите знаете како е опишан Македонскиот Народ во Библијата, за пример е и гостопримството како и Хуманоста спрема странците што и самиот Апостол Паулус го уживал во Солун во две од неговите вкупно Три Патувања за и од Јерусалим. Па затоа вие тројца бивши владици од МПЦ, ја направивте Техничката Грешка па сте сега вие на потег. Ако не ја напуштите самостојно и како што на еден Христијан му прилега паметно, ќе бидете голем спор за понатамошна интеграција на нашата вера македонска, па затоа одете си и оставете се како што си било од Старо. Ние не сме Православни заради Србите, Грците или Бугарите. Ние сме Православни затоа сто сме од Господа избрани, а баш тоа ги боли сите и тоа е уште една причина да не доуништат. Огненоски, Франкфурт |
|
| Како не им е срам? Дали дотука дојдовме, нашите дедовци,
пра и прапра и којзнае колку уште прапра дедовци не направиле ваква глупост,
ваков пекол. Ајде, секој ден нешто ново ни наметнуват ама ова дојде како
гром од ведро небо. Колку стари цркви ние имаме, векови стари. Колку цркви ни се уништени, манастири. И сега некој да не не признава. Нашата црква стои во Библијата (се спомнува и преку 40 пати). Која друга се спомнува, јас не знам. Жалосно е што после толку години Македонците во Грција се изборија да отворат наша Македонска Православна Црква, а сега. Во која црква тие ќе спаѓат. Само едно да им кажам на одговорните: Ако се случи такво нешто, ќе ги изгубите сите верници, оти ние сме верници на МПЦ, ако тоа не постои, не постоиме и ние. Ајде знаме, име, устав, единствено верата не утешуваше, од утре како да не викат. Славе Н, Мелбурн, Австралија |
|
| Дејгиди Мекедонијо, некогашна мори славна империјо
распослана на половина планета, од Пела до Персија дури до Индија сега
падната на колена и да ги молиш оние што ги описмени, што ги научи најпрвин
да речат алфа и омега па А и Б нив да ги молиш сега што ги научи дека рибата
се јаде, дрвото се калеми и човекот се раѓа за да се губи. Тешко ни е татковино да бараме признаване од црква и народ што вчера се создаде. Ова оди во прилог на србоманите или посрбените сеедно, нив им одговара нашата црква да биде под закрила на Пеќката патриаршија, или под Белград. Сите знаеме, а тоа веројатно го знаат и самите Срби и србомани дека Српската црква била под Охридска Патријаршија и од нив сега да бараме признавање на нашата православна црква. Голем срам е за тебе Македонијо да бараш признавање од една црква и еден нарот што се со векови и векови поназад од тебе. Лав, Демир Хисар, Македонија |
|
| Каде што сум Јас таму ќе бидете и вие вели Господ Исус
Христос. А каде е Господ мили мои? Господ е распнат на Крстот. Таму сме и
ние и нашата македонска црква. Но од Крстот дојде спасението, засветли победата над злото. Пречесни великодостојници на нашата напатена црква и народ гледајте во крстот господов, и достојно чекајте ја победата. Ќе победи црквата македонска само гордо и смело според примерот на дедото Кирил и Агатангел. Д и Н , Колумбос, САД |
|
| Упатувам искрени честитки на медиумите на Р.Македонија што
на време интервенираа и не дозволија овој важен настан „Нишкиот документ“ да
помине анонимно и на мала врата. Добро е што ја открија до крај подлата намера на владиците „автономисти“ и го спречија велепредавството на МПЦ. Така се брани вистината! Јовановски, Торонто, Канада |
|
| На кој му треба вакво „понижувачко признавање“ на нашата
црква во ова време на исклучително тешки политичко-безбедносни неприлики?
Што тоа би значело за нашето понатамошно национално и државно опстојување?
Зарем треба да бидеме толку заспани па да не знаеме што значи „историскиот мит на тројанскиот коњ“ кој во современа верзија ни го подметнуваат под маса група на „национално обезличени“ владици на МПЦ? Срамно што некој има таква дрскост да донесе вакви „предлози“, сега, во ова време, на дневен ред. Крајно време е да се погледнеме во очи и оние кои саботираат од внатре да ги остраниме од нашите редови, без разлика на тоа дали се работи за политичар или владика. Зашто ќутат „демократските“ партии на Р. Македонија и зошто овој непријателски истап го третираат само како работа на црквата? Господа, за автокефалноста на МПЦ не се меродавни владиците. Афтокефалноста беше дело на македонскиот народ кој беше свесен дека вековните поробители нема никогаш да дадат духовна слобода на Македонскиот народ и затоа се прогласи афтокефалноста на начинот на кој што се прогласи. Зарем досега слободата на народите не е спечалена со борба и опирање? Кој тиранин дал доброволно слобода на поробениот! Слободата се освојува. Не чепкајте во слободата! Нестор, Њујорк, САД |
|
| Во вакви политички околности, кога ни се спори името на
државата, кога земјата ни е под воени притисоци и кога од сите страни сме
сардисани, преставува голема дрскост и политичка незрелост некои владици на
МПЦ да си земат право во име на целата црква, во име на Македонскиот народ
да донесуват решенија за статусот на афтокефалноста на нашата Св. Климентова
црква. Тоа е нечуена будалштина и предавство на идеалите за слобода на македонскиот народ. Името на нашата црква е столбот кој го крепи нашиот македонски јазик, нашата нација и нашата државност. Зарем треба човек да знае атомска физика, па да му е тешко да заклучи дека со губенето на националниот белег на нашата црква, се руши темелот врз кој е поставена нашата современа држава, нашата нација, нашиот јазик и правото да се биде свој на своето. Овие владици во кои е спалено македонското нациналното чувство или пак гаат друго национално чувство (на соседна држава) треба да се спречат по секоја цена од овој гнасен велепредавнички чин. За тоа не треба да се има компромис. Афтокефалноста на нашата црква ја донесе народот на Македонија, а не владиците. Така и во овој случај, на никакви владици во име на нашиот Македонски народ не смее да им се дозволи да ја пазарат нашата духовна слобода. Во овие времиња на оваа политичка состојба, овој чин е предавство и бришење на се што е досега постигнато. Ваквите владици да се избришат и тргнат од Светиот Синод. Трајко, Велес, Македонија |
|
| Јован, Петар, и Тимотеј треба да бидат истерани од светата
Македонска Православна Црква. Нека бидат свештеници на нивната омилена Грчка
црква. Васил, Торонто, Канада |
|
| Пред неколку стотини години и сегашната Српска Православна
Црква односно тогашната Пеќка патријаршија била расколничка црква која што
Охридската Архиепископија не сакала да ја признае (ова беше објавено во
весникот „Вести“ што излегува во Западна Европа). Дали сега нам тоа ни се
враќа назад? И покрај сите неправди што и се нанесувале и нанесуваат на Македонија во однос на името, јазикот, народот, итн., можам да замислам дека ете „некој“ бил присилен да прифати некое си „привремено име“ за нели државата да може да функционира, но, никој, никогаш, никаде, нема и неможе да ми ја земе верата и моето чувство на кој народ му припаѓам, зашто таа е стално со мене каде и да сум. Затоа, нема отстапување на ова поле. Колку и да е страшно и жално, мојот совет би им бил на оние верни владици да продолжат со МПЦ, а оние кои сакаат друга црква, нека повелат да ја востановат. Всушност, и Уставот на Македонија стои за оние што ќе го задржт името на МПЦ. Гоце Наумовски, Холандија |
|
| Ова што сега го прават одредена група владици, не и оди во
прилог на македонската нација, што значи тие се директно против македонската
нација, или со други зборови србизација на Македонија. Ова што сега го прават владиците-предавници на македонското битие, е невиден срам за сите верници во татковината. Тие со тоа нас не негираат, а се ставаат во служба на српската црква, кој патем речено и произлегла од Охридската Архиепископија. Како станале тие независни, на истиот начин на кој што и ние прогласивме автокефалност, нели? Па што е проблемот, не не признавале, голема работа, ич гајле не ми е за Србите и за србоманите што ги имаме кај нас. Па и јас не ги признавам нив, голема работа, другите цркви не не признавале поради СПЦ, па и не не канеле на црковни собири и слично. Е навистина голема работа, па што добиваме ние со присуството на тие собири, да не делат пари или мир случајно. И без тие работи се може, ама без вера и нација не се може. Јас само се прашувам до каде ќе не одведе ова лудило во државата? Само го чекам моментот Бугарите да влезат во НАТО и малце да земат замав, па да почнат и тие за јазикот дека е нивен и дека збориме западно бугарски дијалект, па тогаш да видиме што имаме ние македонско. Земјата според Грците не се вика Македонија, јазикот според бугарите не е македонски, државата според Албанците е албанска и славомакедонска или бившо југословенска...., а црквата според Србите не е македонска автокефална, ами е српска, само што тие се многу добродушни па ќе ни дадат автономија,... Ѓорѓи Ковачки, Скопје, Македонија |
|
| Припадноста кон одредена религиjа ги обединува и зближува
луѓето, тоа добро ни е познато за овие 10 год. откако живееме на релациjата
Москва-Охрид. Раздорот помеѓу братските православни цркви само создава поволни услови за множење на секти и сл. квазиверувања кои jа искривуваат свеста каj луѓето. Дара и Горан, Москва-Охрид, Русиjа-Македониjа |
|
| Религијата и црквата за секој еден зрел народ претставуваат
најсвето нешто кое се цени без да се валка со никакви дела или зборови. Но,
политиката не поштедува никого, па дури ни самата вера и црква. Никој не смее да дозволи да се валка името на „МПЦ“ зошто единствено само „МПЦ“ ни остана како име кое не поврзува длабоко во душите. Сите Македонци мора да се борат за својата државна но, и црковна самостојност и независност, зошто без нив ќе ни се изгуби трагата во светската историја на народите. Нека го разберат ова сериозно и добронамерно оние свестеници кои се наоѓаат во дилема. Павле Христов, Детроит, САД |
|
| Охриѓани би рекле: "А з'ш да не бидит Охридска, шо му фалит".
Ама тогаш и државата да ја преименуваме во Охридија, не би били лошо. Само како тргнале работиве де декларација за граница и сл. квазидекларации, подобро да побрзаме, па нека е и Охридска, зошто може овие од Косове да ни ја прогласат како "Приштинска патријаршија", па ете ти дополнителна работа и за МПЦ(?), ќе треба да носи контрадекларација. Павел Роман, Болзано, Италија |
|
| Предлогот на Српската Православна Црква да се преименуваме
во Охридска Архепископија е апсурден и неприфатлив. До кога Македонија ќе
биде притискана од своите соседи да менува нешта што биле исти од памтивек,
само поради нивниот каприц. Редно време е Македонската Православна Црква да биде признаена како МПЦ и јас сметам дека би било апсолутно понижувацки ако овој договор се прифати и дека ние наскоро како Македонци ќе го изгубиме нашиот идентитет. Доколку има владики во МПЦ што сметаат дека светот треба да не знае наш ко Срби тогаш нека се префрлат тие во Србија, а не да наметнуваат српско влијание и да се продаваат себе си. Јас зивеам во Портланд веќе година дена и сите правослвни христијани ја знаат Македонија како земја со афтокефална црква, зошто тогаш кога веќе сме интернационално познати, да плукаме на нашето достоинство и историја. Владимир Ристевски, Портланд/Скопје, Орегон,САД/Македонија |
|
| Мислам дека ова може да се прифати како компромис и давање
можност на Македонија да почне да си ги среди работите. Апсолутно дека не е
најдобра понуда но, мора да се прифати. Дејан Наневски, Битола, Македонија |
|
| Тешко на нас кога оние кои работат против нашите интереси (Петар,
Наум, Тимотеј) се поревносни и поупорни да го протераат предавничкиот
договор отколку оние кои едноставно го бараат она што е наше. Еве читам дури побарале тројцата и медиумска поддршка. Упорни на својот став дека ако се откажеме од името и автокефалноста поарно ќе било за нас. Да ќе биде, нема веќе нервози со овој проблем бидејќи се веќе ќе биде изгубено, нема нервози ни со проблемот со името на државата бидејќи после ова никогаш нема да можат нашине неспособни политичари да се изборат за уставното име. Фактички уште една капка во чашата што значи исчезнување на Македонија и Македонскиот народ. Јас барам од сите Македонци, од сите медиуми да застанат црврсто против овој предавнички договор, па ако тоа значи и линчување на владици од типот на Петар и оној гркоманот Јован. Сите знаеме дека овој последниов веќе не ни крие дека е гркоман, па и на грчки им се обраќа на луѓето и е поголем борец за грчките интереси од самите Грци. Би запрашал: Што е тоа толку вазно МПЦ да биде признаена од другите цркви? Владиците ќе седат на разни конференции, ќе ги примаат во другите држави на нивна сметка, што? МПЦ е признаена од сите држави каде има Македонци како официјална црква, освен во Србија наскеаде мислам имаме свои цркви, па дури и во Грција. Што е друго важно? Ако не сакаат да ја признаат МПЦ која е постара од повеќето од нив, како СПЦ која пак сите знаеме е родена од МПЦ а не обратно Игор Милковски, Албени, САД |
|
| Постои разлика меѓу автономија и автокефалија! Во однос на
самостојноста ние тоа го имаме. Нашата цел и задача е автокефалност. За луѓето кои не ги разбираат овие термини автокефалија и автономија (иако разликата не е многу голема но, постои) автокефалија е грчки збор, кефали значи глава, па авто-кефали значи "само глава" - самоуправување. Автономијата значи само - законие, односно некои ингеренции остануваат на мајката црква. Во земни релации тоа е слично на односите во една федерација помеѓу самостојните републики и покраините. Сите цркви сме една федерација, а автономијата е рамна на автономна покраина, со ограничени ингеренции. Битно е тоа што ние имаме право, ги исполнуваме сите услови, според каноните, за да бидеме афтокефална црква. За нас терминот Охридска архиепскопија би бил прифатлив само ако и соседните национални цркви се откажат од нивните имиња, односно ако сите се вратиме на изворните имиња според градот (со епископот) во кој се настанати. Впрочем, црквите с* до минатиот век така и се нарекувале, а потоа со националното будење на балканските народи и црквите добиле национален предзнак, кој и нанел голема штета на црквата. Нашата црква се додека другите не се откажат, не треба да се откажува од името македонска. Инаку, во други услови сосема нормално би звучело името Охридска архиепископија. Јован Таковски, Скопје, Македонија |
|
| Елиминирање на македонскиот национален идентитет. “Темата
за евентуална промена на името на Македонската Православна Црква во Охридска
Архиепископија е беспредметна работа. Зарем покренувањето на ова прашање
значи дека тоа треба да го сфатиме како сигнал и право да ги бараме сите
епархии што некогаш и припаѓале на Охридската архиепископија” вели д-р
Александар Трајановски, научен советник во Институтот за национална историја
и факултетски предавач на предметот “Историја на македонскиот народ и
историја на православните помесни цркви” . “Се злоупотребува кревкоста на нашата држава и ни се наметнуваат проблематични “решенија” како она со името на Македонија, а сега и со името на Македонската Православна Црква. Премногу е очигледно: инсистирањето на бришење на националната одредница има за цел губење на македонскиот национален идентитет. Се додека православниот свет се однесува вака, не само кон нашата и кон други помесни цркви, православието постојано ќе ги губи своите верници и влијание за сметка на ширењето на римокатолицизмот, протестантизмот, муслиманството и унијатството. Не само на овие наши простори, туку воопшто категоричен. Не се сомневам дека идејата за преименување на МПЦ во Охридска Архиепископија ќе биде “спакувана” во одлична политичка амбалажа за да ни се фрли “прав во очите”, исто како и во случајот со името на Република Македонија. Потоа следат последиците. Тешко ќе може да се избрише грешката што би можеле да ја направиме и со МПЦ.... Александар Трајановски, Скопје, Македонија |
|
| Тројцата владици, членови на Светиот синод на МПЦ кои
ставија потпис на скандалозниот (макар тој бил и прелиминарен) договор се
само "истурени играчи" на една црковно – политичка, валкана игра во
триаголникот Грција – Србија – Македонија, во која на штета на нашата црква
и македонските религиозни и национални интереси поени, политички терба(ше)
да добијат сите. Грците на мала врата да протуркаат промена на името на Црквата, кое толку многу им пречи (за подоцна поледсно да помине и прекрстувањето на државата Македонија). Премиерот Георгиевски да се пофали пред престојните избори дека, ете, во негово време "конечно" е решен повеќедеценискиот црковен спор и МПЦ божем најпосле се стекнала со решение за својот проблем. Српската страна да покаже колку е наводно флексибилна и заинтересирана за решавање на спорот, а всушност после 35 години да ја поврати контролата врз МПЦ и врз црковните имотите на територијата на Македонија од кои никогаш и не се откажала. Ова го тврдат за „Старт“ извори блиски до нашата црква кои не предупредија на планот за поништување на автокефалноста, за што нашиот неделник веќе на два пати пишуваше. Всушност, ваквиот антимакедонски план се подготвувал во рамките на многу поширок состав од црковните и канонски правила и христијанската љубов и грижа на сестринските цркви. Тројцата владици кои го потпишаа срамниот документ (кој многумина го поистоветија со делото на Јуда) се само "првата постава" од составот на тимот, коде главните играчи не се духовници.... Мрина Шекеровска, Скопје, Македонија |
|
| Неодговорно е да се прават "бизниси" со најсветите нешта
што ги поседува една држава! Македонија е античката лулка на европското христијанство."МПЦ" не ги заслужува неправдите што и ги наметнуваат "БПЦ","СПЦ" и "ГПЦ",а уште помалку и неправдите што доаѓаат од сопствената адреса. Македонија за жал, денес е единствената дрзава во Европа(а мозеби и во светот)која не знае да изгради цврст и стабилен став за своите витални и национални интереси. Со црковното име и достоинство не треба да се резираат (за народот и дрзавата) "невкусни" драми кои денес ги гледаат(и на кои се смеат)нашите од памтивек "алчни" држави-соседки. Господа свестеници! Свестете се и разберете дека и црковното единство е еден од круцијалните чекори за зачувувањето на државната стабилност и интегритет. Саве Павловски, Хамбург, Германија |
|
| БПЦ 78 години чекала да биде призната, зошто не и МПЦ!
Грчката Православна Црква ја прогласила својата автокефалност во 1833 година,
по добивањето на национална независност во 1830 година. Признанието пак од Цариградската патријаршија уследило по 27 години, дури во 1850 година. Романската православна Црква ја самопрогласила автокефалноста во 1864 година, после добивањето на национална независност во 1861 година, додека признанието од Цариградската патријаршија добила по 21 година, дури во 1885 година. Уште поеклатантен е примерот на Бугарската Православна Црква. Имено, со акт на турски султан Егзархијата била основана во 1870 година. Меѓутоа, од Цариградската патријаршија, со учество на уште неколку патријарси на источните православни Цркви, во 1872 година била прогласена за шизматична (отцепничка) Црква. И како таква, игнорирана од повеќе цркви, таа ја одбивала својата дејност се до 1946 година, кога и беше симната шизмата и до 1950 година кога беше конечно признаена. Според тоа, таа не само што не беше признаена, туку беше осудена и игнорирана цели 78 години. Па сепак остана православната Црква, за на крајот пак да добие признание. Па сепак остана православна Црква, за на крајот пак да добие признание. Осудата, и сето што потем во 78-те години со неа се случувалше останува да биде една немила поука како не требало, и во интерес на самата Црква, како не смееле да постапуваат со неа другите “сестриснки Цркви” Поинаков не е случајот и со Српската православна Црква.... Драган Стојманов, Струмица, Македонија |
|
| Можеби најдобро решение е првото изнесено на овој форум
сите право-славни цркви да се отказат од својата национална придавка српска,
македонска, руска, грчка само така ќе бидат сите православни цркви
рамноправни нели тоа е и во духот на православието. Доколку тоа не е можно тогаш нема што да се разговара понатаму доколку другите не се спремни да се одкажат од својот национален белег зошто токму баш ние да го сториме тоа? Трајко |
|
| Откажување од историјата и името на МПЦ - Што нуди
документот, што во Ниш го потпишаа тројцата македонски владици? Прво, на
ниту едно место не се споменува името на Македонската православна Црква која
во нишката хартија е заменета со изразот “речената црква”. “Поглаварот ја преставува својата Црква пред СПЦ. Изборот на Поглавар го потврдува патријархот Српски. Во чинот на устоличување на новоизбраниот Поглавар учествува патријархот Српски или негов пратеник и еден од архиејите на споменатата Црква” - се вели во некулкуте точки од парафираниот документ. Од друга страна во дефиницијата за автокефалност стои дека “Автокефална црква е онаа, која не ја добива својата власт од друга црква, туку од самиот основач на Црквата Господ Исус Христос, преку хиротонија на својот Поглавар и останатите свои епископи од свои епископи” Поглаварот и архиерејите на автокефалните Цркви по правило се хиротонисуваат од свои епископи. Поради тоа автокфелната црква нема над себе никаква виша власт – тука само власта на Вселенскиот собор и секоја автокефалија е постојана, за разлика од автономијата. Со ваквото објаснување лесно може да се случи автономијата што сега ни ја нуди СПЦ, по неколку години наместо да прерасне во автокефалија, како што не убедуваат, целосно да исчезне(!) со оглед на можноста некој од српските владици, тврди националнисти да го наследат српскиот Патријарх Павле. Вака гледано паѓаат во вода сите досегашните изјави и тврдења дека автокефалија и целосна автономија. Александар Наумовски, Скопје, Македонија |
|
| Не ми е јасно, и никогаш нема да разберам, како воопшто
може да се дискутира за менување на име. Зошто досега во се каде што постои
нашето име Македонија, во дадено време се дискутирало и за менување на
истото? Зар ние самите даваме простор за прасања околу нашето име, можеби поради недоволно насочена национлна стратегија? Ако е така, веднаш да се преземат соодветни мерки, и јасно и гласно, еднаш засекогаш, да се донесе резолуција и декларација и упорно да му се внесува во мозокот на избраните наши лидери, на секое поле, било политички, било верски, духовни и културни, дека тие сме, Македонци и тука нема место за барање на компромис. Дискутираме со Грција за име на нашата држава, цлен на ЕУ која насилно ги погркуваше Македонците од делот на Македонија, кој му беше Доделен од светските каубојци и блефери, и докажано и денес ги бриши сите наши симболи кои го докажуваат нашето постоење, и иако тоа денес е само провинција, а ние држава, даваме простор за дискусија. Со Охридскиот Договор се смени уставот, официјално за повеќе права на Албанците, но за малку ќе поминеше смената и без воопсто да се спомни Македонски Народ. Во спорот со СПЦ, официјално не беше во прашање македонското име, но еве тоа се дискутира. Избраници, свестете се! Борете се малку и за вашиот народ, за нас Македонците! Доста му го правевте кјефот на сите! Лован Коруновски, Битола, Македонија |
|
| Почитувани и ценети раководители на "МПЦ"! Не дозволувајте
со вас да управува "разумот на Сатанаил", зошто како што и самите знаете тој
не поштедува никого! Нашата христијанско-православна црква е лицето и честа на македонската земја и народ. Со неа никој не треба да прави "црни зделки", бидејки на "оцрнетите" образи никој никогаш не им верува! Затоа целиот Македонски народ треба да стане на нозе во справедлива одбрана на своето црковно и општонародно достоинство. Емил Васковски, Отава, Канада |
|
| Јас сум Православен Македонец, кој живее во Софија, имам
богословско образование и сум добро запознат со проблемите што ги има денес православието и посебно МПЦ бидејќи добро знам што значи за една помесна православна црква да е под шизма или да бидам појасен - да се биде под „духовно ембарго“ од другите православни цркви или ако сакате - да не може да се постигне духовно единство со едната вселенска и апостолска црква. Токму тие прицини ме натераа да размислувам на таа тема. Размислувајќи дојдов до сопствено мнение дека правилно би било сите помесни православни цркви да се откажат од својата национална обоеност (СПЦ да се именува како Пеќска патријаршија, БПЦ-Трновска, РПЦ-Московска патријаршија, и т.н.). Таков беше и ставот на Вселескиот митрополит Јован пред некое време, а така било и во древната црква. Меѓутоа, тоа би било во ред ако сите православни цркви го сторат истото, а не тоа да му се наметнува само на една непризната, но скоро 50 години веќе автокефална црква како што е МПЦ. Јас нема да ги обвинувам нашите владици, кои беа на преговорите во Ниш бидејќи не сакам ни да помислам дека тие работат против интересите прво на МПЦ, а потоа и на Македонија, меѓутоа би им порачал само едно: пред се' треба да се работи за просперитетот на Православието воопшто, бидејќи настапуваат тешки времиња за нашата чиста вера, но треба да бидеме и постојано будни во однос на МПЦ или Охридска архиепископија - ако сакате - зашто добро ги знаеме игрите на нашите „добри“ соседи низ историјата. Климент Наумовски, Софија, Бугарија |
|
| Црвената линија е помината веќе не со метри туку со
километри. Како може една држава, која опстојува повеќе од 2000 години под
едно и единствено име Македонија да не има своја афтокефална црква како што
имаат сите соседни земји. Ние сме посебен народ. Јасно им е тоа и на Грците и на Србите и на Бугарите и затоа мислам дека е време да завршат нивните пропаганди без разлика дали се тие за црквата или се за јазикот или се за името. Сега е веќе време сите да си помагаме и да се почитуваме затоа што ни го кројат планот овие од меѓународната заедница која божем помагала со цел да се стабилизирал Балканот. Старите викаат мижи да те лажам. Сакам да потенцирам дека единствено прифатливо решение за нас е нашата црква да биде афтокефална под името Македонска Православна Црква одвоена од сите други. Секое друго решение е загуба за Македонија и предавство на овој напатен народ. На крај сакам да кажам дека не треба да им се лутиме на владиките кои го потпишале тој нацрт-документ, затоа што сигурен сум дека и тие не сакаат нашата црква да носи друго име освен македонска. Најхрабри, сепак беа владиките Кирил и Агатангел кои се спротиставија на менувањето на името. Секоја им чест. Александар Мурговски, Битола, Македонија |
|
| Господ да не чува од попови "В лице светци, в срце В'лци"!
И господ ќе ги казни ако направат грев и го променат името на светата
Македонска Православна Црква! Сме преживеале 2.000 години без некоја т.н. Српска Црква да не признае, ќе преживееме и уште 2.000 години! Да ги поживее господ јунаците како дедо Кирил и дедо Агатангел. Мислев дека е Петар поголем Македонец, но за жал... Нека си ја испеат сите предавници, србомани, гркомани и бугарофили "1762-ро лето"..... И ако повторно се обидат да не обезличат и обезименат ќе бидат проколнати од светите Архиепископи: Арсение, Доситеј, Ангелариј, Гаврил, Михаил и Светиот Македонски Народ! Драган, Скопје, Македонија |
|
| Македонската Православна Црква претставува најголемиот и
најценетиот углед за нашата држава. Народ без своја црква и религија е народ без историја и идентитет! Но, за да имаме идентитет и историја пред светот, мораме на прв план да ја браниме и штитиме угледноста на својата сопствена религија и црква. МПЦ е угледот не само за овдешните Македонци, туку и за сите други Македонци кои живеат надвор од Македонија. Па, поради тоа нашата нација (и овде, но и надвор од Македонија) мора безрезервно да го штити вистинскиот идентитет на црквата, а не да додава други имиња, кои се несоодветни и непринципиелни. Според мене МПЦ и нејзините вистински и докажани бранители мора да се борат како Христа за да постигнат целосен успех во нејзиното меѓународно признавање, без притоа да се потклекнува пред некои лаконични предлози како оној, кој за наша среќа не беше прифатен. Нашата црква заслужува целосна почит од луѓето, затоа што е историски најстарата православна црква на Балканскиот Полуостров. Ташко Ташев, Гевгелија, Македонија |
|
| По националност сум Ром, а муслиман по вероисповед. Но жив
би се изел ако Македонецот се откаже од името на својата религија, иако
другото име исто и припаѓа на Македонската православна црква. Македонецот доволно трпел и доволно попуштал пред сите останати. Ако и сега се откажете од вашето име, Македонецот ќе треба да биде подготвен да стане „Европскиот Палестинец“. Јуан Ериксон, Карлштад, Шведска |
|
| До кога ќе се поигруваат со нашата вера и да го делат
народот на два дела? Никако не смее да се помисли на промена на името на
македонската црква. Со евентуална смена на името на нашата црква постои опасност од губење на идентитетот на македонскиот народ, па најверојатно и на нашата држава. Господа, сето ова: црквата, јазикот, културата, знамето си е поврзано едно со друго. Со губење на било што македонско и додавање на друго име одиме кон неминовно самоуништување. Сандре Трампевски, Гетеборг, Шведска |
|
| Сакам само да знам дали воопшто раководството на
Македонската православна црква разговарало и разгледувало што треба да се
преговара. Што може да се прифати, а што не? После сето ова изгледа дека нашите преговарачци прифаќаат секакви работи во зависност од моменталното расположение. Сме испратиле луѓе да преговаарат, што по се изгледа не се свесни што значи името афтокефална Македонска православна црква. Ние со векови сме опстојувале како Македонска православна црква, признаена или не. Ако српската црква сака да и` се додворува на грчката преку нашето непризнавање, тогаш воопшто не треба со нив и да преговараме. Менде Трајчевски, Гетеборг, Шведска |
|
| Како што прават Србите, така треба и ние Македонците да им
одговориме. Српската православна црква не постои, туку постои само
Белградска Архиепископија и таму не постои српски поглавар, туку Архиепископ
белградски и митрополит нишки во рамките на Македонската и Охридската
православна црква. Не треба да има преговори со Белградската Архиепископија. Ако некој сака да ја праша нешто Македонската и Охридската православна црква, тогаш нека дојде во Охрид на советување. Македонска правословна црква постоела и ќе постои. Другите православни цркви треба да бараат автокефалност од Македонската православна црква. Македонија и Македонците на чело со својата Македонска православна црква им даде писмо и вера на Белорусија, Бугарија, Русија и Србија. Македонија е света земја. Миле Дојчин, Македонија |
|
| Не само што е помината, туку претераа. Некој мора да сноси
одговорност во црквата. Ако српската црква не не` прзнава и ние не ја признаваме и така нашата црква опстанала и ќе опстане. Кој фактор се тие. Се прашувам само, да не има во нашата црква србомани, па наоѓаат изговор дека мора тие да не признаат. Ако тие не не` признаават, баш ми е гајле. Јас сум Македонец и не ме интересира што мисли Павле. Тој нека си ја гледа својата работа, а ние нашата. Само со чинот на српската црква се гледа дека на Павле не му е до тоа православната вера да се шири како што се борат сите религи во светот, особено муслиманската и католичката, туку му е да не посрби сите нас и да кажува како има многу Срби во светот. Затоа треба и ние да не ги признаваме. И јас мислам дека тие се Македонци, а не Срби како што се претставуват и треба да не молат ние да ги признаеме и да им простиме на нивниот народ што се отцепил од нашата црква и од нашиот народ. А за нашите, треба да размислат многу повеќе и да не се коцкаат со нашата вера и продолжуваат да го делат народот на два дела. Некој после ова ќе има аргументи да каже дека и црквата признава дека сме Срби. Горан Петковски, Малме, Шведска |
|
| Никој нема право да си поигрува со достоинството и угледот
на Македонската православна црква. Никако не смее да се помисли за
одкажување од автокефалноста, а не да се преговара. Сакам да им честитам на храброста на владиките Кирил и Агатангел. Тие покажаа како се брани македонското име и македонската стварност. Петре Темелковски, Вулонгонг, Австралија |
|