|
| Во жестоките напади во
Тетово повтроно има ранети, а и еден убиен. |
| |
| |
Во тетовско попладнево се слушаат постојано престрелки од артилериско
оружје и детонации.На патот Маврово-Дебар убиен е еден припадник на
македонските безбедносни сили.
Нападнати се многу објекти во градот. Во градот е крајно опасно за
движење и поради неконтролираните заскитани куршуми по градските
улици.Според извештајот на Марковски и Ѓуровски напаѓана е и касараната,
меѓутоа нема оштетување на самиот објект.
Најкритична е ситуацијата е во селото Непроштено каде се во тек
жестоки напади на терористите.
7 цивили се повредени, од кои еден потешко во денешните судири во
тетовско. 6-мина се веднаш префрлени во тетовскиот медицински центар,
додека еден поради тежината на повредите е префрлен на клиничкиот центар
во Скопје.Според директорот во тетовскиот медицински центар доктор Раим
Тачи, еден цивил по санирањето на повредите е пуштен на домашно лекување,
додека останатите 5 се задржани. Сите повредени се вон животна опасност. Потешко
бил ранет Филип Димитров додека седел на балконот од својот стан. |