|
До
средствата
за јавно
информирање До
Владата на
Република
Македонија До Стејт
Департментот
на САД Дo
ОБСЕ До
Европската
Унија Фебруари
1, 2010-02-01 Се
обраќаме до
јавноста во
име на
сите
Тетовчани: Времето
кога Афро-Американците
биле
обезбедувани
од
полицијата
и од
Националната
Гарда на САД
за да можат
безбедно да
одат во
мешаните
училишта за
Американците,
е болно
минато и дел
од
историјата.
Дури
ниту кога
македонските
младинци
беа
ладнокрвно
убивани по
градските
улици на
Тетово во
очигледни
акти на чист
тероризам, дури
и пред
своите
домови
додека си
играат; вооружените
убијци не
беа ниту
јавно
осудени од
т.н.
политичка
елита на
припадниците
на
албанското
малцинство.
Во нашата
колективна
меморија се
забележани
јавните
убивања,
насилството,
киднапирањата
и
садистичките
масакрирања
на
Македонците.
Спомените
на
злосторите никогаш
не избледнеале,
а
виновниците
никогаш не
беа
изведени
пред
словото
на Законот
додека
процесот
еве
непречено
продолжува!? Ги нема
никаде ниту
ОБСЕ, ниту
НАТО, ниту
амбасадорите
на Америка;
ниту т.н.
големи
европски
сили... да
дадат
изјава со
која што
спомнатиот
насилнички
процес би
бил осуден.
Ги нема
никаде ниту
политичарите
од т.н.
албански
политички
блок (од
позиција и
опозиција)
да го осудат
тоа
насилство и
да се
оградат од
истото.
Истите
оние кои со
писма се
обраќаа до
Владата на
Република
Македонија,
молчат кога
се во
прашање
насилниците
на кои треба
да им
испратат
вистинска
порака дека
нивното
поведение
нема и не
смее да биде
толерирано
од никого, а
од политичарите
јавно да
бараат да се
искажат
против
насилството
и да се
дистанцираат
од истото.
Состојбите
наликуваат
на
сценарија
како оние
пред
ескалацијата
во
даличниот
Бејрут или
во блиското
Косово
и тоа уште
во
подалечното
минато.
Резултатите
се познати и
видливи.Како
да се
сценаријата
правени во
иста
лабораторија?
Не е доволно
само да
постојат т.н.
црни листи
за патување
додека се
толерира
поведение
кое што не
припаѓа во
дваесет и
првиот век.
Се чини како
премолчено
да се
одобрува
насилството
и етничкото
чистење врз
Македонците
и тоа не само
во
Република
Македонија,
туку и
пошироко! Не ги
слушаме
ниту
партиите од
т.н.
македонски
политички
блок да ги
осудат овие
валкани
игри со кои
што не само
што се врши
етничко
чистење на
Македонците
од нивните
вековни
огништа,
туку и се
цементираат
со
тероризам и
демографска
инвазија
освоените
територии
во
Македонија.
Само кога ќе
се сетиме на
филмските
сценарија
од Косово...? Дали
треба и
Македонската
Дијаспора
да почне
да ја
превзема
улогата што
веќе долго
време (а
особено во
косовското
сценарио и
косовизацијата
на
Македонија)
ја имаше
Албанската
Дијаспора
како „маша“
на секогаш
анонимните
т.н.
надворешни
фактори?
Дали треба
секогаш
според
американскиот
терк, со
насилство
да се
сузбива
наслиството?
Мора ли да
биде како
што било во
времето на
Американскиот
Див Запад? Се
прашуваме:
Дали и сега
НАТО ќе има
нова мисија,
а и кого ќе
напаѓа за да
ги
заштитува
малцинските
и граѓански
права
овојпат на
Македоците
во
Македонија?
И не само во
Македонија,
туку и
пошироко на Балканот? Совет на
Тетовчани,
Детроит
|