Ибрахим Ругова:
ОВК е подготвена да го брани Осама бин Ладен


Рим, 26 септември (МИА)

ЛИДЕРОТ на Демократскиот сојуз на Косово Ибрахим Ругова изјави дека таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК) крие меѓународни терористички бази на територијата која се наоѓа под нејзина контрола и оти припадниците на ОВК се подготвени да организираат терористички акции за поддршка на саудискиот терорист Осама бин Ладен.

Во соопштението што го објави службата за информирање на Ругова во Италија се предупредува на терористичката природа" на таканаречената ОВК.

Притоа, се потсетува дека не треба да се заборави оти организацијата на Бин Ладен беше воспоставена во Албанија уште во 1994 година" и оти во 1996 година Бин Ладен им наредил на своите трупи да се подготват за акции на Косово и во Албанија". Според информациите на Ругова, Мохамед Звахири, еден од најблиските соработници на главниот осомничен за терористичките напади во САД, лично ја надгледувал обуката на албанските терористи.

Таканаречената ОВК не е само бунтовничка организација подготвена за опустошување на Косово и на Македонија, туку е подготвена и за дејствување на меѓународно ниво, користејќи исти средства како на Косово и помагајќи им на терористичките групи, тврди Ругова.