РЕЗОЛУЦИЈА

од Собирот на Македонците во
Мелбурн и Викторија одржан на
3ти октомври 2001 во Македонскиот фудбалски клуб Престон Македонија

До Пратениците на Собранието на Република Македонија

Вечерва во преполнетата сала на Ф.К. Престон Македонија а во организација на Македонската Радиопрограма, Трипати Зет и Федерацијата на Македонските Културно Уметнички Друштва од Викторија, овој состанок е свикан под притисок на итноста заради закажаната Собраниска седница во Република Македонија. Како што знаете на истата треба да се разговара за прифаќање на Охридскиот Рамковен Договор.

Барања:

- Бараме референдумско изјаснување за иднината на Република Македонија, со можност за изјаснување на сите Македонци од целиот свет, но со прашање со кое во ниеден момент нема да биде доведено во прашање постоењето на Македонскиот народ и Македонија како национална држава на Македонскиот народ, потоа да не се дозволи отфрлање на името на Македонската Православна Црква од Уставот на Р. Македонија.

- Бараме македонскиот Устав, доколку референдумски се одобри неговото менување да биде конституиран според уставите на Албанија, Грција, Бугарија, како и на развиените земји, САД, Британија, Шпанија и Франција.

- Ниту едно малцинско право повеќе за Шиптарите од она што им следува на малцинствата според меѓународните стандарди, односно според практиката во Албанија, Грција, Британија, Франција и Шпанија.

- Бараме целосна одговорност за сите кои учествуваат во велепредавството во Република Македонија заради погазување на заклетвата дека ќе се залагаат за заштита на државата, Уставот и законите на Република Македонија.

- Бараме Македонскиот парламент да донесе одлука со која на Македонските безбедносни сили ќе им се нареди да воспостават целосна контрола врз територијата на Република Македонија и дефинитивно расчистување со качачките терористички банди. Не прифаќаме отпадниците на т. н. ОНА да учествуваат со 20% во Полицијата на Република Македонија

- Не е можна амнестија за терористи со окрвавени раце, затоа што ќе се постави прашање за што и кого ги дадоа животите младите македонски бранители?

- Упатувајќи ги овие барања, едноставно во целост го отфрламе т.н. Рамковен договор, сметајќи го за предавство на државните и национални интереси, а неговите донесувачи за велепредавници.

Председавачи:

М-р Ицо Најдовски, водител на Македонската радио програма
Зоран Ангеловски, член на Управатана Македонската програма

Ѓорѓи Софковски, претседател на Федерацијата ма МКУД
Стојан Симјановски, секретар на Федерацијата на МКУД

Јане Стојановски, директор на Ф.К. Престон Македонија