В ПОНЕДЕЛНИК, ПРЕД СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА, МИТИНГ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

Скопје, 27 септември (МИА) - Претставниците на Унијата на потрошувачи на Македонија (УПОМ) и Координативното тело на протераните Македонци, на денешната прес - конференција, најавија дека в понеделник ќе организираат митинг пред Собранието на Република Македонија, за да го изразат своето несогласување со предложените уставни промени, како и да дадат забелешки и предлози во врска со нацрт - амандманите.
Претставниците на двете здруженија најавија дека на митингот ќе достават декларација до Парламентот, со која ќе го изразат својот став за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.