Почитуван Претседателе,

Вие сте Претседател и сигурно знаете како да ги извршувате своите задачи, мудро да преговарате и да постигнете сe што е во најдобар интерес за Македонија. Искрено, јас се надевам дека вашите намери се такви. Вашите зборови, сепак, понекогаш влеваат сомнеж околу вашиот патриотизам... Го подрзувам вашиот мировен план и мислам дека е многу солиден. Сепак, тој план би се остварил само доколку се наоѓавме некаде на Запад, (Америка) и ако Албанците беа народ со барем малку образование и смисла за размислување.
Затоа апелирам, оставете го Љубе Бошковски да помогне при чистењето на Македонија. Оставете го да ја одбрани македонската држава од ова зло што ни се случува. Оставете го да им дозволи на Македонците да ја бранат својата држава. Можеби ќе има жртви, но сепак сите ќе знаат дека тие жртви загинале за одбрана на македонската држава, а не од кукавици кои се кријат во грмушки и пукаат по конвои со храна.
Претседателе, вашиот план моментално е во застој. Албанците купуваат време, со цел Америка и Европа се повеќе да се вклучат во нашиот проблем. Многу добро знаете каква е судбината на Македонија доколку се случи тоа. Ќе имаме нов Дејтон или Рамбуе, каде што судбината ќе ни ја кројат некои други "умни" глави. Тоа не смее да се дозволи. Вие ќе бидете виновен доколку Македонија биде ставена пред таков чин. Доколку вие сте немоќен да ги издржите притисоците однадвор (странските политичари) - поднесето оставка. Јас не го барам тоа од вас знаејќи дека Македонија ќе падне во поголема криза, но - сепак - во никој случај не смеете да дозволите Македонија да пропадне...
Дозволувате Џафери и Имери да си поигруваат со вас и да ви поставуваат услови. Понекогаш вашата присебност и разумното размислување, како и стравот да не ја вовлечете Македонија во војна, се за поздравување. Но мислам дека заборавате дека Македонија е веќе во војна, голем број македонски села се под шиптарска команда и, она што најмногу ме заплашува, вестите велата дека тој број постојано се зголемува...
Дозволете им на македонските сили за безбедност да ги вратат под своја контрола окупираните делови на татковината. Дозволете им на Македонците да си го повратат своето достоинство, суверенитетот и гордоста. Дозволете ни повторно да ја имаме Македонија, зошто ние немаме друга држава.
Македонија е се што имаме.

Александар Митрески
mitreski@yahoo.com
amitres@entergy.com