Писмо од премиерот Георгиевски до претседателот Трајковски

24.07.2001

Премиерот Георгиевски му порача на Трајковски да ги преземе сите мерки за одбрана на РМ
 
 

Премиерот Георгиевски му напиша писмо на претседателот Трајковски.

На почетокот вели: 

Господин претседателе најпрвин простете ми што ви се обраќам со писмо, меѓутоа сакам уште еднаш да ве потсетам и да ви укажам на фактот дека голем дек од териториите на нашата татковина веќе неколку месеци се под окупација на албанската паравојска. Македонските граѓани паѓаат или ранети или убиени од дејствувањето на албанските терористи, а во исто време пред вашите, моите очи, се случува масовно етничко чистење на македонскиот народ од селата и домовите на своите прадедовци.

Ве повикувам како претседател на РМ и врховен командант на вооружените сили согласно уставот и законите да им ги издадете сите команди на здружените сили на македонската армија и полиција со една единствена цел - одбрана на РМ и враќање на мирот и безбедноста на сите граѓани на нашата држава, дозволете и да ве потсетам, дека и вие како и јас, имате дадено заклетва пред македонските граѓани дека ќе работите за интересите на РМ и вашата и мојата обврска се само пред нив и пред никој друг.

Господине претседателе, се што ќе побарате за одбрана на РМ од Владата на РМ и од мене како нејзин претседател, ќе го добиете. Припадниците на МВР и на Министерството за одбрана со сите свои капацитети и морал се максимално подготвени за извршување на своите обвсрки и во секој момент ви стојат на располагање за одбрана на нашата татковина - вели во писмото премиерот Георгиевски, кое денеска му го упатил на престедателот Трајковски.