24.07.2001
Во текот на ноќта во тетовско се слушале повремени истрели. Поголемите борбени активности се одвивале во селата Лешок и Непроштено. По вчерашните активности во селото Лешок еден жител бил повреден и утрово им подлегнал на повредите. Станува збор за Гоце Лазаревски роден 1971 година. Ноќеска на пунктот Попова Шапка се повредени и двајца полицајци, кои со хеликоптер се пренесени во воената болница во Скопје, со што бројката на повредени се искачи на 33. Селото Лешок е испразнето. Македонското население го напуштило селото и се сместило во куќи на пријатели и роднини во селото Жилче. Синоќа околу 22 часот 15 македонските жители од повисоките куќи во селото Непроштено биле киданпирани од терористите. Останатото македонско население го напуштило селото под притисок на албанските терористи.Населението се сместило во селото Ратае. |