|
10.09.2007
Командирот
на
полициската
станица
во
Матејче
Фатмир
Алили е
убиен, а
двајца
полицајци
се ранети
во
нападот
на
полициска
патрола,
извршен
синоќа
околу 2
часот по
полноќ
кај
складиштето
на „Макпетрол“
во
близина
на селото
Ваксинце,
потврдија
за А1 од
МВР.
Според
првичните
информации
патролата
се
движела
со возило
во
близина
на селото
и врз нив
бил
отворен
оган од
вооружена
група
предводена
од Заим
Алили.
Информациите
од МВР
велат
дека во
престрелката
тешко е
ранет
Заим
Алили,
убиен е
неговиот
брат
Скендер
Алили, а
тешко
повреден
е Џеладин
Исени,
брат на
Џемаил
Исени
познат
како „командант
Џејми Шеј“.
По
престрелката,
Заим
Алили
избегал
на Косово
каде е
уапсен од
косовската
полиција
и КФОР и е
однесен
во
болницата
во
Гњилане, а
оттаму во
Приштина.
Ветон
Алшари,
портпарол
на
косовската
полиција,
потврди
за А1
Телевизија
дека Заим
Алили е
уапсен и
дека е под
контрола
на
косовската
полиција
во
болница
во
Приштина.
Заим
Алили,
познат
како „командант
Туши“, е
внук на
Џемаил
Исени и
самиот
обвинет
за
убиство,
бегалец
од
Идризово.
По
апсењето
на вујко
му изјавуваше
дека дека
ќе го
одмазди.
|