Makedonski Amerikanski Sovet "

 

АМЕРИКАНСКО - МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО СВОЈАТА ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ 

Скопје, 17 септември (МИА) - Американско - македонската асоцијација од Детроит, САД на денешната прес - конференција информираше за преземените активности за време на повеќедневниот престој во Makedonija, како и за потребните мерки и активности за надминување на кризата содржани во ниваната Декларација.
Како што рече претседателот на Асоцијацијата, Мишко Васоски "ние дојдовме во Македонија да се увериме во она што се случува и да видиме дали се работи за етничко чистење или за човекови права". Тоа, како што рече тој, го направивме, бидејќи не бевме задоволни од известувањето на Си - Ен - Ен и Би - Би - Си.
Во таа насока, членовите на оваа Асоцијација реализирале многу активности, вклучувајќи ги и демонстрациите пред Белата куќа, Стејт Департментот и седиштето на Си - Ен - Ен, како и многу хуманитарни активности со кои ќе продолжат и по нивното враќање во САД.
Во декларацијата на оваа Асоцијација се содржани барањата за неприфаќање на Рамковниот договор, враќање на протераните граѓани во своите домови, зачувување на територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија, како и заедничка битка против тероризмот во светот.
Членовите на оваа Асоцијација, констатираа дека основната придобивка на нивната посета е што организираниот митинг под мотото "Заедно за Македонија" успеа да ги оправда нивните очекувања. Поради тоа, тие и понатаму ќе продолжат со нивно лобирање во американски здруженија и асоцијации, како и со доделување на хуманитарна помош.