Почина Крсте Црвенковски


 

 

 

21.07.2001

Крсте Црвенковски - еден од потпретседателите на претседателството на СФРЈ во времето на Тито
 
 

Во Скопје, на осумдесет години, почина Крсте Цревенковски.

Овој македонски револуционер е роден во Прилеп, учесник и организатор на антифашистичката и национална борба на македонскиот народ, носител е на орденот народен херој. Тој е еден од комунистичката генерација политичари кој беше потпретседател на претседателството на СФРЈ, во времето на Тито. Цревенковски долги години беше претседател на СКМ. Во раните седумдесети како либерал беше одстранет од политичката сцена по судирот со струјата на Лазар Колишевски.

Во почетокот на плурализмот тој е еден од основачите на Социјалдемократската Партија, заедно со Славко Милосавлевски, но веднаш се повлекува од активната сцена. Крсте Цревенковски е публицист и аналитичар на политичкото и национално движење во Македонија. Татко е на екс министерот за надворешни работи и амбасадор во Велика Британија Стево Цревенковски.